САУДИЈЦИТЕ ВЛЕГУВААТ НА АЗИСКИОТ ПАЗАР: „Сауди Арамко“ ќе гради нафтен мегапроект во Индија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Саудискиот арапски нафтен гигант „Сауди Арамко“ ќе гради огромна рафинерија на индискиот брег заедно со три нафтени компании во државна сопственост.

– Рафинеријата, која се наоѓа 350 километри јужно од главниот град Мумбај, ќе чини 44 милијарди долари, а капацитетот ќе изнесува 1,2 милиона барели сирова нафта дневно, соопшти Арамко.

Во соопштението се додава дека проектот е еден од најголемите светски проекти во областа на нафтената и петрохемиската обработка.

– „Сауди Арамко“ ќе има половина од учеството во проектот, додека другите компании во конзорциумот ќе го имаат остатокот, рече индискиот министер за енергетика Дармендра Прадхан.

Од кампанијата соопштуваат дека постои можност за вклучување стратешки партнер со кого ќе го споделат својот дел во проектот.

Договорот доаѓа по помалку од 24 часа откако „Сауди Арамко“ потпиша договор со француската компанија „Тотал“ за изградба на огромен петрохемиски комплекс во Саудиска Арабија вреден околу пет милијарди долари.

Се очекува проектот да генерира околу 8.000 нови работни места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This