Саудијците и го свртea гpбoт на Америка, заедно со Кина развиваат нуклeapно opyжје?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога станува збор за сојузниците на Америка на Блискиот исток, Вашингтон долго време „гледаше на друга страна“ додека тие работеа на развивање на сомнителни капацитети за оружје.

Да се потсетиме на нуклеарната програма на Пакистан во време кога администрацијата на Реган која приоритетно се бореше против Советите во Авганистан или според проценките на Израел биле произведени од 100 до 200 непријавени нуклеарни ракети.

Ова неодамна беше случај и со Саудиска Арабија, каде што кралството веќе долго време се шпекулира дека развива нуклеарно оружје за да доминара над шиитскиот ривал Иран. И сега, ова намерно замижување од страна на Вашингтон ќе му се удри од глава.

„Саудиска Арабија има изградено со помош на Кина објект за екстрахирање ураниум од ураниумска руда, напредок во обидот на ова богата држава за совладување на нуклеарната технологија, според нашите извори на локација позната за западните власти“, пишува Вол Стрит Журнал во својата истражувачка сторија.

Значи, до тука стигна надворешната политика на САД: Не, нема „жолт колач“ во Нигер и никогаш немало, но ние сега го имаме глобалниот ривал на Америка, Кина, кој му помага на сојузникот на САД сунитите вахабисти, да изградат тајна нуклеарна програма. И покрај цврстите докази, саудиското Министерство за енергетика даде изјава во која се вели дека „категорично негира“ дека изградила објект за екстракција на ураниум.

Сепак, принцот Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман уште во 2018 година изјави дека „ако Иран развива нуклеарна бомба, ние ќе го сториме тоа што е можно поскоро“.

Саудијците тврдат дека тие се само во потрага на енергетска нуклеарна програма, што впрочем е истата позиција на Иран.

Вол Стрит Журнал ја идентификуваше локацијата заснована врз разузнавачки извори и неименувани западни извори во пустинска област пред Ал-Ула во северозападна Саудиска Арабија. „Објектот, кој не е објавен јавно, е во ретко населено подрачје на северозападниот дел на Саудиска Арабија и предизвика загриженост кај американските и сојузничките власти бидејќи таму се развива почетната нуклеарна програма на кралството, а Ријад ја одржува отворената опција за развој нуклеарно оружје “, понатаму пишува WSJ.

Во моментов се знае во јавноста дека Националната нуклеарна корпорација на Кина и Кинеската група за нуклеарно инжињерство, потпишаа меморандуми за соработка со саудиската влада во 2017 година за истражување на ураниум, и имаат тесна соработка со Ријад.

Новите извештаи сугерираат дека Кина е клучна за развој на тајната нуклеарна програма.

Со оглед на тоа дека САД изврши инвазија врз барем една земја на Блискиот Исток со лажни обвиненија за развивање на нукеларна програма, ќе биде интересно да се види дали ќе има реакција од САД. Но очигледно се работи за двојни стандарди, а заканите служат само за оние кои не им се допаѓаат на Американците, како Асад, Гадафи или Иранците.

Но, сега кога Кина очигледно е дел од нуклеарната програма, можеби треба да се очекува реакција на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This