САФЕТ СИ КРЕНАЛ КУЌА НА ПОКРИВОТ НА СТАНБЕНА ЗГРАДА:Аговиќ не добил согласност ниту од станарите, но и покрај се, тој решил да го оствари својот план

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дека во Босна може да прави кој што сака, може да се види по последниот пример во Зеница каде на покривот на една станбена зграда, еден од станарите изградил скоро цела куќа, пишува Вечерњи.хр. Оваа несекојдневна глетка во населбата Јалија веќе подолго време го привлекува вниманието на минувачите бидејќи тешко дека некаде на друго место ширум светот ќе наидете на ваков случај.

Фотографијата од доградбата брзо почнала да се шири на социјалните мрежи каде корисниците најчесто имаат негативни коментари.

Селма Кариќ од службата за урбанизам и имотно – правни односи за Аваз.ба изјавила дека сопственикот на оваа доградба, Сафет Аговиќ од нив побарал дозвола за градење, но не ја добил.

– Во врска со градењето на таа куќа на покривот, нашата служба нема издадено одобрение и покрај тоа што барањето било доставено два пати, истакнала таа.

Аговиќ не добил согласност ниту од станарите, но и покрај се, тој решил да го оствари својот план…

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This