March 28, 2024, 10:16 pm

Саша Богдановиќ е новиот „комшија“ на сите центарци?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 27.12.2017 година Советот на општина Центар донел одлука со која се става мораториум на деталниот урбанистички план на подрачје на општина Центар од времен карактер – двомесечна забрана за издавање на градежни дозволи – но, само еден месец по донесување на одлуката на 22.01.2018 година, компанијата „ЗСФ“ добива дозвола за изградба на зграда во Маџир Маало, во непосредна близина на НБРМ и Железничката станица.

Предизборните ветувања за почист воздух и ставање на ред во непланското градење на Скопје паѓаат во вода, особено кога станува збор за општина Центар.

И додека за едни важат донесените одлуки за мораториум на градба, за други компании, за кои постои реална можност да се вмешани во давање на мито истите одлуки не важат.

Таква е и ситуацијата со издадената дозвола на „ЗСФ КОМ“, компанија која добила дозвола за градба на 22.01.2018 година, иако еден месец претходно Советот на општина Центар донел одлука со трајност од два месеци од денот на донесувањето дека нема да се издаваат дозволи за градба на подрачјето на општината.

Одлуката за ставање на мораториум на издавање на дозволи за градба стапува на сила на денот на донесувањето, односно на 27.12.2017 година, а според истото решение би требала да важи до 27.02.2018 година.

Сепак, спротивно на одлуката, „ЗСФ КОМ“ добива дозвола за градба на 22.01.2018 година.

Ваквото издавање на дозвола за градба, спротивно на одлуките на Советот на општина Центар во најмала рака може да се каже дека е недозволено, а значи и повлекување на кривична одговорност.

Градоначалникот е должен да ги почитува одлуките на Советот и да ги спроведува, нешто што не е направено во овој случај.

Според Кривичниот законик, Саша Богдановиќ би бил одоговорен по член 353 од истиот законик со кој се уредува злоупотребата на службената положба и овластувања, имајќи во предвид дека само тој во општинската администрација има соодветно овластување да издаде ваква дозвола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This