САША ПОПОВИЌ: „Имав милиони, а потоа ништо, живеев во 17 квадрати!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на “Гранд продукција” ја раскажа својата животна приказна.
Истрајноста, упорноста и дисциплината го направиле милионер

Саша Поповиќ кој со години е директор на “Гранд продукција”, скромно истакнува дека по ништо не се разликува од многумина.

„Јас не би рекол дека имам нешто што другите немаат. Можеби истрајноста, упорноста, желба да се биде поинаков, едноставен. Можеби поради тоа што сакам ред и дисциплина. Не знам дали е тоа клучот на успех”, рекол Поповиќ во интервју за српските медиуми.

Со сопругата Сузана успешно функционира повеќе од 22 години брак, а открива и детали од заедничкиот
живот.

„Сопругата ме вика Циле,мајка ми ме викаше Цалика, и сестра ми исто така. Секакви прекари ми даваа. Не секогаш сум водел луксузен и богат живот, како што мислат многумина, Имав и јас тешки моменти. После големиот успех со Брена и “Слатки грех” како дојде до војна така и се распаднавме. Некое време ништо не работевме. Јас смислив како да егзистирам, го продадов станот во Нови Сад, купив кола ја земав заштедата и ги ставив во банката на Дафина. Се сеќавам 10 март 1993 година пукна аферата со Дафина, пукнав и јас. Исчезна се. Живеев во солитер покрај автопат на 12 кат во стан од 17 квадрати. Тука останав три години. Во меѓувреме ја покренавме “Продукцијата Зам”, каде што бев музички уредник, компонирав песни, добро заработував а потоа во 1998 година Брена и јас го формиравме “Гранд”, раскажал Поповиќ.
Извор:iportal.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This