April 27, 2024, 12:35 am

Саша Поповиќ и Лепа Брена го пpодадоа „Гранд“: Им донесе голема cумa на пapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Саша Поповиќ и Лепа Брена, заедно со сопругот на Брена, Слободан Живоиновиќ, го продадоа уделот од 49 проценти од „Гранд продукција“ на компанијата „Јунајтед медија“ која во 2014 година веќе откупи 51 процент од пакетот акција, дознава „Курир .рс“ Така тие двајца заработија вкупно 15 милиони евра, колку го инкасираа и пред пет години!

Целокупната трансакција од купопродажбата ќе биде завршена до крајот на оваа година, што значи дека од 2020 година во Агенцијата за стопански регистри името на основачот и ковласникот на „Гранд продукција“ ќе биде избришано.

Значи, со проста пресметка е заклучено дека Поповиќ и Брена и овој пат ќе добијат 15 милиони евра за продажбата на преостанатиот дел од „Гранд“.

Уделот на Саша во сопственичката структура изнесуваше 24 проценти, па затоа на него ќе му припаднат 7.350.000 евра, додека пејачката поседувала 25 проценти и таа ќе биде побогата за 7.650.000 долари. Но, Саша ќе продолжи да ги прави постојните емисии, само како креативен автор, продуцент, за плата. „Јунајтед медиа“ конечно ќе ја преземат целата структура на сопственост.

Со продажбата на овој удел од останатите 49 проценти, основачите на Гранд ќе заработат вкупно дури 30 милиони евра на нивните сметки. Од нив, половина биле платени пред пет години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This