Сајкоски: Фактите за Гоце Делчев ги утврдила, не само нашата, туку и светската историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жaлам што Бугарите не сфатија дека ние како соседи треба да си помагаме и да одиме напред, а не да се навраќаме на теми кои носат само рaздовр. Многу пријатели мои Бугари не се согласуваат со политиките на Каракачанов. Основа на постоење е јазикот, културата, обичаите. Ние како народ сме докажале дека немаме многу допирни точки и дека сме посебен народ, народ кој има свои малцинства кај соседите кои се декларираат како Македонци, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Тој укажа дека од 1946 до 1951 Македонците во Бугарија имаат можност за афирмација на својот идентитет.

-Од денешен аспект политичарите секако зборуваат за историјата. Тоа што го правиме сега е погрeшно. Фактите ги утврдила, не само нашата, туку и светската историја, и фактите се наоѓаат во архивите не само наши, туку и во други земји, рече Сајкоски.

Според Сајкоски, Комисијата која работи на оваа проблемaтика, може да разговараат за се, но јасно кажав светската историја јасно ги ставила границите кој каде е, и што е.

-Нас нема за што да не убедуваат, ние си знаеме кои сме и што сме и што велат документите, рече Сајкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови дека Гоце Делечев е Македонец и оти секој штeтен договор се поништувa и менува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This