СВЕДОКОТ НА СЈО ЈА ПОСРАМОТИ КАТИЦА: Една држава не може да функционира со блиндирани возила стари и по 20 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влатко Ѓошевски, сведокот на СЈО кој во критичниот момент на набавката на возилото бил налачник на возниот парк и механички работилници и член на Комисијата за набавка на мерцедесот, рече дека до тогаш МВР располагала со 2 блиндирани возила од марката „мерцедес“. Тие возила биле од 1996 година или од 1998 година со поодмината километража.

 

Со по 20 години старост тие возила причинувале потешкотии за Министерството. Според Ѓошевски држава не може да функционира со такви возила.

-При посетата на повеќе гости во исто време во државата не е можно обезбедување на личности од таков ризик со мал број и стари возила, објасни сведокот.

Векот на блиндираните возила е краток, а за набавка на делови се чека и по 2 месеци. Гаранцијата за сервисирање е 3 години. Тоа се специфични возила, па следствено на тоа и деловите за нив не се наоѓаат на лагер во нашата држава.

Заврши денешното маратонско рочиште за „Тенк“. СЈО повлече 2 свои сведока, што според адвокатот Дангов е ирационално особено поради тоа што ова повлекување се прави во момент кога сеуште не се утврдени околностите по кои ќе се испрашуваат сведоците. Следното рочиште е на 15 март.

Комисијата е под член 7 од Законот на МВР, која може да набави материјални сретства без тендер.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This