СВЕДОКОТ ОБЕЛОДЕНИ: Блиндираните автомобилите во МВР беа многу стари и крајно амортизирани набавени по атентатот на Глигоров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешен член на личното обезбедување на Бранко Црвенковски, Миомир Антиќ, доктор на науки по безбедност и началник на обезбедување на личности и објекти при МВР од 2009та до 2015та сведочеше на рочиштето за набавката на блиндираното возило мерцедес во 2012та. Тој во своето излагање кажа дека имало сериозен недостаток на блиндирани возила во МВР и дека и тие што ги имале биле многу стари и крајно амортизирани, набавени по атентатот врз претседателот Глигоров.

Кажа и дека ако претседателот Глигоров бил во блиндирано возило немало да има ни жртви како неговиот возач, ниту трајни последици како што имаше Глигоров од повредите.
Тој нагласи дека кај блиндираните возила амортизацијата е трипати поголема од колку кај обичните, па така 18 години стариот мерцедес во кој во 2012та се превезувал Груевски пред да се набави новото возило одговарал според амортизацијата како на мерцедес кој не е блиндиран стар точно 54 години.

Укажа и дека после 5 години дел од деловите како на пример стаклата на блиндираните возила веќе ги немаат истите карактеристики за заштита како кога се нови и треба да се заменуваат а на овој мерцедес не биле заменети.

Укажа дека 5те стари блиндирани возила кои ги имало МВР биле распределени за заштита на ВИП личностите на кои по функција им следело и немале ниту едно слободно за странски ВИП гости.

Затоа биле принудени да ги позајмуваат блиндираните возилата од министерот за внатрешни работи а понекогаш и од премиерот кога доаѓале високи вип личности од странство со

што ја загрозувале безбедноста на домашните ВИП личности на кои им следува вакво возило.

Затоа тој укажа дека во повеќе наврати барале набавка на нови блиндирани возила.

Посочи дека често пати одговорните лица за безбедност на странските гости одбивале нивните функционери да влезат во овие возила во кои се возеле македонските функционери оценувајќи ги за многу стари и небезбедни па носеле од своите земји вакви возила или изнајмувале соодветни од соседните земји.

Тоа го правеле дури и обезбедувањата на вип личности од африканските земји како претседателот на Руанда, а многу често европските високи гости. Укажа дека Мерцедес има најдолга традиција во производство на вакви возила, дека е единствен производител кој има специјална фабрика за блиндирани возила во Штудгард и дека е единствена фабрика која од самиот почеток на производство блиндираните возила ги прави возилата блиндирани од првиот штраф, додека другите производители прво ги прават како обични возила па потоа надоградуваат опрема за блинд заштита.

Од овие причини мерцедес е и нај користено возило за заштита за вип личности и го држи приматот во светот. Укажа дека возилото на премиерот Груевски често се расипувало и било во дефект и дека фабриката најавила дека наскоро ќе престане да произведува резервни делови за толку старото возила. Оттука укажа дека имало потреба и за вакво ново возило за Премиерот и за странски гости.

Подоцна поранешен припадник на обезбедувањето на Груевски Ванчо Софтовски сведочеше дека поранешниот претседател на Полска Лех Качински при неговата посета во МК одбил да биде превезуван во старото возило на Груевски затоа што било многу старо и небезбедно, па неговото обезбедување донело друго возило од странство. Според него мерцедесот во кој се возел Груевски бил крајно небезбеден и не требало воопшто да се користи. Речиси секоја недела имал дефект а понекогаш ваквите дефекти биле опасно по безбедноста за што посочи неколку ситуации.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This