СВЕДОК: Заев ми бараше по едно евро за него, црквата и партијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триста илјади евра поткуп или по три евра повеќе за секое евро барал Зоран Заев за земјиште од 100.000 квадратни метри од бизнисменот Иван Николов Сачевслиев. Едно евро за Заев, едно за црквата, едно за партијата СДСМ. После тие 300.000 ги намалил на 200.000 односно само две евра поткуп за секој квадрат од кои едно за црквата друго за Заев.

Ова го тврди сведокот Николов кој денес сведочи во судница за случајот Поткуп во кој обвинет е Заев.

– Беше 8 ноември 2013. Градоначалникот Заев ми се јави вечерта околу 21 часот дека се враќа од Скопје и да отидам кај него во кабинетот – раскажуваше сведокот за тоа како настанала првата средба на која Заев побарал поткуп. На таа средба ма бирото до Заев имало куп документи за кои наводно тогашниот градоначалник, а сега премиер, рекол дека и за нов работата била завршена на ист начин.

 Од тогаш до летото 2014 имале повеќе средби и телефонски разговори.

На 19 декември бизнисменот Николов вели дека бил во Скопје, имал друга работа и тогаш одлучил да го пријави случајот. Заминал во МВР, а од таму го однеле во обвинителството да даде исказ. Му дале опрема за да го снима по Заев и така настанала снимката која требаше денеска да се гледа во судница.

Бизнисменот вели дека речиси на сите средби во градоначалнилкиот кабинет на Заев му бил баран поткуп, но не и во телефонските разговори. Кога прашал како да ги плати, Заев му рекол парите да ги однесе кај брат му Вице Заев, тврди сведокот.

На сите средби тие двајцата биле сами освен на една на која отишол со постариот син, но на таа средба не се зборувало за поткупот.

Од тие 100.000 квадрати кои требало да ги купи, бизнисменот рече дека успеал да купи 7.000 квадрати или една парцела но и тое биле заглавени кај нотар.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This