March 28, 2024, 10:41 pm

СВЕДОЦИТЕ НА СЈО ЗА СЛУЧАЈОТ „КОСМОС“ НА ШТЕТА НА ЦАНОВСКИ: требало да се изградат 3 подземни нивоа, но подоцна всушност биле изградени 2 нивоа, што потврдува дека објектот се градел спротивно на одобрениот проект и спротивно на законот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кривичниот суд денеска се одржа главна јавна расправа за предметот „Космос“, на која се испрашуваа сведоци – предложени од страна на СЈО.

Петте сведока на СЈО потврдија дека протоколот за изградбата на „Космос“ бил изработен врз база на основниот проект, кој содржел нивелациони линии односно висински параметри. Геодетските точки ги мереле со инструмент, ГПС, кој ги утврдува висинските точки со голема прецизност од 99%.

Тие исто така посочија дека проектот содржел цртежи за катноста, според кои требало да се изградат 3 подземни нивоа, но подоцна всушност биле изградени 2 нивоа, што потврдува дека објектот се градел спротивно на одобрениот проект и спротивно на законот.

Сите сведоци биле ангажирани од приватни фирми во 2011 година, за да извршат мерења. Што значи дека самиот инвеститор ангажирал фирми за геодетско мерење, бидејќи и тој самиот констатирал дека објектот целосно се гради спротивно на одобрениот проект односно и тој констатирал дека се гради едно ниво подземно помалку.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This