СВЕДОШТВО НА ЗАТВОРЕНИК ОД ИДРИЗОВО: „Досие.мк“ објави аудио снимка од затвореник кој обвинува за корупција кај затворската управа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порталот „Досие.мк“ објави аудио снимка со затвореник во затворот „Идризово“ кој обвинува за корупција на затворската управа во процесот на спроведување на решенијата на судовите согласно законот за амнестија, кој минатиот месец го изгласа владеачкото мнозинство

Како што вели затвореникот, дури и по пристигнато решение, а веќе биле пристигнати околу 100, затворениците не се пуштаат на слобода туку прво од управата чекаат да добијат пари од семејствата на амнестираните, па потоа да бидат пуштени.

„Еве јас имам еден другар, вчера плати 1.500 евра и одма го пуштија. Вечерта во 11 си отиде“ – вели затвореникот и додава дека такви има повеќе случаи, меѓу кои е и тој. Обвинува дека затворската управа е корумпирана и точно знае кој од затворениците има пари и може да плати.

„Што, јас ако немам да платам мислат дека ќе ќутам?“ – прашува затвореникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This