СВЕКРВАТА ЛАСКОВА СЕ ПРАВДА:Немам конфликт со земањето неповратни 330.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако нејзината снаа зема неповратен подарок од државни 330.000 евра за “иновации“ советничката во владата, нејзината свекрва Цветанка Ласкова смета дека нема никаков конфликт на интереси со земањето на тие пари. Да повториме парите се неповратни, три-четири големи станови државата го частела семејството на Цветнака Ласкова во време кога за тендер, набавка на Мерцедес кој останал како имот во државата од 480.000 евра функционер на МВР е осуден на 9 години затвор. Се обидува да биде итра и се повикува на државната антикорупциска комисија која во моментов – не постои.


Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата од ниту еден аспект, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник-советник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата, напиша советничката за култура на премиерот, Цветанка Ласкова, откаково јавноста се прошири информацијата дека сопругата на нејзиниот син добила грант од Фондот за иновации.

„Укажувам дека ниту некогаш сум била инволвирана во професионалните ангажмани на членовите на моето семејство, ниту имам намера во иднина да бидам вклучена, ниту пак сум била запознаена со повиците за грантови на Фондот и со одлуките кои комисијата на тој Фонд ги донела. Ги повикувам надлежните институции, да се изјаснат доколку постои какво било нарушување на процедурите или пак конфликт на интерес поврзан со мојот професионален ангажман”, повикува Ласкова.

Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, вчера им порача на компаниите во рок од 15 дена да достават изјава доколку во нивната сопственичка структура има јавни функционери или членови на семејството на лица кои се дел од власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This