(Видео)Светот го губи најголемото природно богатство.За еден ден 1000 нови пожари во Амазонската прашума

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај воведените мерки, бројот на пожари во Амазон продолжува да расте.

Во девет бразилски држави кои граничат со Амазон, бројот на пожари се зголеми за повеќе од 20 проценти во јули во однос на истиот месец минатата година, а тие податоци беа објавени од Националниот институт за вселенско истражување.

Институтот наведува дека 6.804 пожари се регистрирани во јули годинава, наспроти 5.318 во јули минатата година. Официјалните лица стравуваат дека 2020 година би можела да биде уште полоша од 2019 година за дождовните шуми во Бразил.

Само во четвртокот, сателитите снимија 1.007 пожари во Амазон, што е рекордно во јули.

Во средината на јули, министерот за животна средина Рикардо Салес и претседателот Жаир Болсонаро го забранија палењето на растенијата во амазонскиот регион и во Пантанал – најголемото мочуришно подрачје на светот, во период од 120 дена.

Десничарскиот популист Болсонаро ја поддржува економската експлоатација на Амазон. Тој беше жестоко критикуван за разорните пожари минатата година.

Го обвинуваат дека прифатил уништување за да отвори нови области за земјоделство, добиток и рударство.

Амазон е најголемата прашума во светот, а научниците предупредуваат дека станува збор за клучна одбрана против климатските промени затоа што апсорбира јаглерод диоксид од атмосферата и го претвара во кислород,со што го намалува ефектот на стаклена градина на планетата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This