СВЕТОТ Е ВО ВОЈНА, СЕКОЈ ПРОТИВ СЕКОГО: Американски медиуми анализираат – ако војната над ИСИС е завшрена, тогаш во Сирија има војна секој против секого

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако победата над ИСИС и терористите во Сирија би требало да претставува крај на седумгодишната војна, за тоа никој не го извести Иран, Израел, Турција, Русија и САД, пишува новинарот на „Атлантик“ Ури Фридман

„Тоа не е само уште една експлозија на насислство во оваа, како што се чини, бесконечна војна. Тоа е судир на двете најголеми сили на светот – Америка и Русија, две членки на НАТО – Америка и Турција, и заколнатите непријатели – Израел и Иран“, наведува авторот на текстот.

„Оваа војна никогаш не била поинтернационална како сега…Знам, секогаш го претставуваа како таков, но никогаш во реалноста не беше“, вели Фајсал Итани, експерт на институтот „Атлантик каунсил“ (Вашингтон).

„Сега Асад, со поддршка од Иран и Русија ја надвладеа опозицијата. Меѓутоа, ниту една од странските сили не е задоволно со статус кво. На крајот, секоја сила проверува колку далеку може да оди во заштита на своите интереси – често во буквална смисла, како што е случај со Русија, САД и нивните различни сојузници кои се борат за територија околу брегот на Еуфрат“, се наведува во текстот.

Потсетуваме, Турција не е спремна да се согласи на зајакнувањето на позицијата на Курдите кои ги поддржува САД. Од друга страна, Вашингтон изгледа дека има цврста намера да се задржи во Сирија, за да спречи воскреснување на терористичките групи и да спречи реализација на планот на Иран за ширење на влијанието во источното Средоземје. Израел ја поддржува намерата на САД против Иран, се наведува во текстот.

„Русија сака да ја сочува пријателската влада во Дамакс и военото присуство во Средоземието, ставајќи се во позиција на светски лидер, како што е Америка“, пишува весникот. Иранците „се обидуаат да направат долгорочна стратешка воена инфраструктура во Сирија, да изградат фабрики за производство на ракети, и да ја префрлат таму високопрецизната муниција“, наведува Итани. Ниту еден од нив не го сака присуството на САД.

Турција и Русија немаат намера да влезат во војна со САД поради Сирија, смета Еднру Теблер, експерт на вашингтонскиот институт за блискоисточна политика. Најверојатно, може да се случи судир помеѓу Иран и Израел.

„Би очекувал заострување на конфликтот, но не и поставување на прашањето кој ќе го има главниот збор во Сирија“, прогнозира Филипс. Според неговите зборови, ситуацијата очигледно дои во прилог на Русија и Иран, кои највеќе вложија во војната.

„Тие немаат намера да се повлечат“, вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This