Светот наскоро добива тестови за коронавирус кои даваат резултати за 30 минути

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тестови за коронавирус кои ќе овозможат луѓето да ги добијат резултатите на лице место, за 15 до 30 минути, наскоро ќе бидат претставени, пишува британски „Гардијан“.

Како што се наведува тестовите би можеле да спасат илјадници животи, но и да го намалат ширењето на пандемијата во сиромашните и богатите земји.

Како што наведува Гардијан, 120 милиони брзи тестови на антигени, кои ги произведуваат две компании, ќе бидат испорачани до земјите со ниски и средни приходи и ќе чинат максимално пет долари.

Тестовите кои изгледаат како тест за бременост, бидејќи две сини линии покажуваат дали некој е позитивен на коронавирус, ќе ги читаат здравствените работници.

Еден од овие два теста веќе доби итно одобрение од Светската здравствена организација, а се очекува дозвола наскоро да биде дадена и за вториот тест.

Брзи и лесни, но високвалитетни тестови, ќе овозможат масовен преглед на здравствените работници кои во голем број ја губат личната борба со вирусот во земјите со ниски примања.

Исто така, богатите земји кои се пријавиле за иницијативата Пристап до алатите за Ковид-19, како што е Велика Британија, ќе мора да ги нарачаат тестовите.

Иницијативата во март ја покренаа Светската здравствена организација, Европската комисија, Фондацијата Гејтс и француската Влада.

Ферманската Влада веќе нарачала 20 милиони тестови, а Франција и Швајцарија го следеа нејзиниот пример.

Овие тестови за антигени, кои се одобрени од СЗО, ќе бидат лесни и брзи и може да се користат за прегледи во училиштата, универзитетите и работните места. Воедно тестовите може да овозможат голем број на заразени да бидат откриени пред да добијат симптоми на Ковид-19.

СЗОКОРОНАВИРУСКОВИД-19

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This