April 26, 2024, 12:32 pm

СВЕТОТ ЈА ИСПРАЌА СТАРАТА И ЈА ПРЕЧЕКУВА НОВАТА 2017

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици милиони луѓе во светот вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2016 и ќе ја пречекаат Новата 2017 година.

srekna-lllll-640x294

Град Скопје ја откажа традиционалната новогодишна прослава што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Околу два милиона денара кои беа планирани за организирање на пречекот, ќе бидат донирани во социјални цели.

Сепак, за најмалите предвидена е богата програма на улицата „Македонија“. Во 10 часот ќе биде изведена претставата „Брашко“, ќе има детски игри, магично шоу со Иван, новогодишна парада и дефиле на Снежната кралица. Дедо Мраз во 11:15 часот ќе го посети новогодишниот базар „Подари среќа“ на улицата „Македонија“, а во 11:30 часот ќе и се приклучи на новогодишната парада, а децата ќе можат да се дружат со него и со неговите помошници. Во 12:30 часот ќе има „Christmas mix“ со City Radio.

rrr

Новогодишна прослава вечер ќе има на  скверот „Јадран“ во организација на општина Центар.

Главниот град во пресрет на празниците е украсен со декоративни елементи и специјално осветлување. Централната новогодишна елка која е поставена на плоштадот „Македонија“ е висока 21 метар, и е осветлена со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а ќе свети во различни бои.

Годинава првпат плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел. Декорирањето го чини Град Скопје 12 милиони денари, а за новогодишното украсување беше задолжена фирмата „Линк медиа“.

Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди за време на празниците.

Новата 2017 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ќе ја испратат 2016 жителите на Американска Самоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This