СВЕТСКА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА: Не cмее да се зголеми платата во јавниот сектор без зголемување на продуктивноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемувањето на платите мора да биде поддржано со зголемување на продуктивноста. Светска Банка прeдупредува – пред да се премине кон уште едно административно покачување на минималецот и на примањата во јавниот сектор мора да се направат сeриозни анализи, во спротивно може да се предизвикаат негативни ефекти врз целокупната економија на среден рок.

Ова е трета последователна година кога се одвива дискусија за зголемување на минималната плата. Сите зголемувања во иднина мора да бидат нужно придружени со зголемување на продуктивностам, изјави за „Алфа“ Сања Маџаревиќ – Шујстер од Светска Банка.

Според Бојан Шимбов од Светска банка растот на платите во Македонија главно е движен од растот на платите во здравството, социјалата, образованието, земјоделството градежништвото и транспортот.

Ова на среден и на долг рок практично ја потkопува продуктивноста, вели Шимбов.

Владеење на правото и структурни реформи – ова е рецептот за одржлив раст кој го прeпорачуваат експертите.

Светска Банка советува да се внимава и со субвенциите – и за земјоделството и за бизнис секторот, како и со буџетските трансфери кон фондовите за пензиско и за здравствено бидејќи просторот за зголемување на јавниот долг се стеснува.

Се надеваме дека мерките кои што се најавени, кои за цел имаат зголемување на плати и пензии ќе бидат надополнети со трошковни или приходни мерки се со цел ова да биде фискално неутрално“ вели Марко Мантованели, Светска Банка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This