Светскиот ден на белиот стап

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со низа активности денеска во Македонија ќе биде одбележан 15 Октомври – Светскиот ден на белиот стап, симболот на слепите лица.

timthumb-1

Националниот сојуз на слепи, кој ги застапува интересите на повеќе од 2.550 слепи и слабовидни лица во Македонија, денеска по повод Светскиот ден на белиот стап ќе им додели благодарници на заслужни поединци, институции, медиумски личности и компании, односно на сите помагатели на Сојузот.

Во организација на невладините организации НВО и Детски свет, кои работат под името „Нов почеток“, ќе се одржи интерактивна игра во која ќе бидат вклучени млади лица со сетилна попреченост и лица без попреченост,  а во меѓународното училиште „Нова“ ќе се одржи фудбалски натпревар меѓу екипите НОВА и Нов Почеток. Вечерта ќе биде организиран хуманитарен настан во Салон 19,19 каде ќе се говори за основната мисија и цел на овие две невладини организации и потребата од создавање  услови за воспоставување и промовирање на настани и иницијативи базирани на интеракција на младите со и без попреченост во секојдневниот живот.

На покана на градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов утре членовите на овие невладини организации ќе присуствуваат на манифестацијата „Самун ем Татлија“.

По повод Светскиот ден на белиот стап, овие две невладини организации на 19-ти овој месец ќе го отворат и првиот младински инклузивен центар за лица со сетилна попреченост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This