СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ДЕСРОСОИЗАЦИЈАТА: Малата Македонија му објави војна на Џорџ Сорос!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова „Стоп Сорос“ инцијатива посветена на спротивставување на влијанието на Американскиот милијардер и активист Џорџ Сорос, е лансирана во Македонија, пишува Раша Тудеј (РТ)

RT_Sorosoidni

Во прес конференцијата, основачите на групата ги повикаа сите „слободно-мислечки граѓани“, без разлика на етничка или религиска разлика, да им се придружат во „борбата против едноумието во граѓанскиот сектор, финансиран и воден од Џорџ Сорос“, пренесува РТ цитирајќи го весникот Вечер. РТ наведува дека првиот фокус на движењето ќе биде откривање на „субверзивните активности на НВО финансирани од Сорос.

Според Никола Србов, невладините организации финансирани од Сорос го имаат монополизирано граѓанското општество во Мкаедонија, искористувајќи ги нивните позиции за да ги форсираат само нивните ставови и видувања.

„Сведоци сме на преземање на целокупниот граѓански сектори и злоупотребата и инструментализацијата со цел исполнување на цели за една политичка партија. Тоа е неприфатливо и е надвор од приниципите на граѓанско организирање“, цитира Раша Тудеј од прес конференцијата на која беше формирано здружението.

„Фондацијата Отворено општество, која оперира под чадорот на Сорос, го користеше целиот свој персонал за да поддржи насилни процеси во Македонија. Го монополизираше секторот на граѓанското општество, потиснувајќи ги сите останати организации кои не се согласуваат со идеологијата на Сорос“, пренесува РТ.

Освен Србов, основач на здружението е и Цветин Чилиманов, главен уредник во државната новинска агенција МИА, кој го обвини Сорос и неговите фондации Отворено општество дека го поткопуваат суверенитетот на Македонија, работејќи само со левичарската СДСМ, но исто така и во интерес на странски агенди. Преу соработката со странски амбасади и организации како УСАИД, Чилиманов верува дека групите поддржани од Сорос се вмешуваат во политичките процеси во Македонија.

„Ова е неприфатливо и на големо предизвика чувство кај јавноста дека традиционалните релации и партнерство кои Македонија ги уживаше со некои земји се поткопуваат“, изјавил Чилиманов за новинарите, пренесува РТ.

Освен Чилиманов и Србов, и третиот ко-основач Ненад Мирчевски, смета дека групата ќе работи кон „десоросизација“ на Македонија, повторувајќи го ставот на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во говорот, Груевски обвини дека одредени странски сили и организации на Сорос се вмешуваат во внатрешната политика на земјата.

Фондацијата отворено општество е формирана од Џорџ Сорос во средината на 80-те на минатиот век, а во 90-те започна со активности за „помош“ на земјите во транзиција од Источниот блок. Сепак покрај некои прогресивни каузи, Сорос јавно го поддржа насилниот преврат на легитимно избраната влада во Украина за време на револуцијата „Евромајдан“. Со ова тој го доби статусот на непријател на Руската Федерација и во 2015 му беше забранет влез во Русија, а неговите организации забранети.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This