СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА: „Дејли Мејл“ пренесува за борбата на Македонската дијаспора во Австралија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонците излегоа на улиците на Перт, Мелбурн, Бризбејн и Сиднеј на протест промовирајќи ги националните интереси, човековите права и правото на самоидентификација – пишува Британски „Дејли Мејл“. Весникот кој важи за еден од највлијателните во светот пренесува дека преку 30.000 луѓе излегле на улиците на Сиднеј во националните бои црвена и жолта, со барање да се „спречи Македонскиот геноцид“ преку продажба на името, повикувајќи и за поголеми права на Македонците во Албанија

„Дејли Мејл Австралија“ пренесува дека сите Балкански земји имаат интереси во Македонија, но најголем проблем претставува Грција, која верува дека државата нема право да го користи името Македонија, бидејќи како што велат, истата била дел од Грчката држава.

Весникот ја пренесува и изјавата на Џош Шерман, Македонец од Австралија кој го водеше протестот, кој за „Дејли Мејл“ изјавил дека од моментот кога Грција нелегално ги окупираше Македонските територии во 1913 година во Македонија проблемите се интензивираат.

„Оттогаш па наваму, нашиот народ страда“, изјавил Шерман.

Тој додав дека со овој протест ќе го демонстрира отпорот на намачениот и репресиран Македонски народ. Шерман додава дека „ние не сме агресори во ова ситуација. Ние просто сме скромни и мирољубиви луѓе кои си го бараат правото да бидат третирани со достоинство и почит, и еднаквост со сите нации во светот“.

„И најважно од се – да бидеме третирани како Македонци“. – објаснува Шерман.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This