СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС : ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА И НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од легитимацијата на прокламацијата за Талат Џафери како “претседател“ на Собранието на Република Македонија и натаму смета дека тоа претставува грубо кршење на Уставот и собранискиот Деловник и обид за државен удар што ја нарушува безбедноста во државата и регионот!

smk_infomaks-300x300-150x150-1-300x300

На тој начин пратениците извршија шест кривични дела од Кривичниот законик: велепредавство (членот 305), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (членот 313), повикување на насилна промена на уставниот поредок (членот 318), злоупотреба на службената положба и овластување (членот 353), лажно претставување (членот 391) и самовластие (членот 392)! СМК изразува жалење заради несоодветната реакција на надлежните органи.

СМК ја осудува злоупотребата на државното знаме на Република Албанија во кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, во спротивност со Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија и од надлежните органи бара негово итно отстранување и санкционирање на сторителот!

СМК го осудува грубото мешање на европскиот амбасадор Самуел Жбогар и на американскиот амбасадор Џес Бејли во прокламацијата за Талат Џафери како “претседател“ на Собранието на Република Македонија и бара остра реакција од Министерството за надворешни работи на Република Македонија заради нивно грубо мешање во внатрешните работи надвор од овластувањата и дипломатскиот статус!

СМК, истовремено, најостро протестира поради злоупотребата на албанскиот јазик од Талат Џафери на средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, на 1 мај во Собранието на Република Македонија, со што е суспендиран членот 7 став 1 од Уставот на Република Македонија според којшто “на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“!

Меѓунардодните односи не подразбираат само странство, туку и средби со странци во Македонија!

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This