April 26, 2024, 10:28 pm

Светски реномираното научно списание Лансет oбјави студија: Научниците тврдат – третата доза вакцини сега е непотребна и може да биде опасна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тим научници од Соединетите држави, Велика Британија, Франција, Швајцарија и други земји објавија статија во научното списание „Лансет“ во која се наведува дека во моментов нема потреба од обемна имунизација со третата доза вакцини против коронавирус.

Меѓу авторите на написот се Марион Грубер, поранешна директорка на Канцеларијата за истражување и преглед на вакцини во Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) и нејзиниот поранешен заменик, Фил Крауз. И двајцата поднесоа оставки откако регулаторот ја поддржа администрацијата на третата доза вакцини.

Истражувачите велат дека вакцините против коронавирус се ефикасни против тешки форми на болеста, но дека прераната употреба на третата доза носи одредени ризици, вклучувајќи и можни несакани ефекти како што е миокардитис, што најчесто се јавува по втората доза на mRNA вакцина.

Медицинските експерти постојано истакнуваат дека масовната ревакцинација започнала премногу рано, но потврдиле дека трета доза може да биде потребна подоцна – на пример, ако се појави нов вид вирус што успева да ја „пробие“ заштитата којзја обезбедува вакцина ..

Во написот се истакнува дека дури и со високата стапка на вакцинација меѓу населението, главните носители на инфекцијата се сепак луѓе кои воопшто не биле вакцинирани.

Написот е објавен една недела пред почетокот на третата доза вакцинација во САД, што претходно ја најави администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Во почетокот на август, генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, повика на мораториум за воведување на трета доза на вакцината против коронавирус навреме, за да бидат испратени повеќе вакцини во земјите чии жители се уште не примиле ниту една доза .

Израел, Франција, Германија и бројни земји на Блискиот Исток веќе најавија дека ќе започнат со вакцинација со третата доза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This