СВЕТСКО, А НАШЕ: Првата македонска хорop видео игра, наскоро ќе се најде на ,,Steam”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

,,Wounded”’е првата македонска видео игра која ќе се најде на ,,Steam”, игра која е дело на македонското инди студио за компјутерски игри ,, Workbench Entertainment”

Се работи за хорор игра во прво лице, во која главниот протагонист ја бара својата ќерка, а притоа се бори да преживее. Ова ремек дело е дизајнирано со низа на визуелни и звучни ефекти кој имаат за цел да креираат неизвесност и страв и уникатно гејмерско искуство.

Интересно е што зад играта стои тим од шест млади луѓе кои ја избработиле со буџет од 0 денари, но со голема посветеност и труд. За да го добијат финалниот продукт им биле потребни неверојатни четри години секојдневна работа макотрпна работа.

Подетално за играта ќе разговараме со Тимоти Глигоров дел од тимот кој го креираше ова ремек дело.

Дали е ова навистина првата македонска хорор видео игра?

-“Wounded” може да се класифицира како првата македонска игра од жанрот на хорор игри. Вредно е да се напомене дека оваа игра е комплетно изработена, прва од ваков вид и со ваков квалитет за нашите простори, со буџет од 0 денари.

 Зошто се одлучивте токму за жанрот хорор?

-Периодот кога почнавме да работиме на овој проект игравме многу хорор игри вклучувајки ја и “Outlast”, која беше нашата главна инспирација, а според мене и најдобрата хорор игра досега излезена. Не многу подоцна главниот аудио дизајнер на оваа игра почна да соработува со нас, ова беше сосема неочекувано нешто за нас и големо чудо!

Кој беа предизвиците со кои се соочивте додека да го добиете финалниот продукт?

-Првичниот план за овој проект беше да биде игра долга максимум 10 минути која би ја играле само наши блиски луѓе (другари), но со текот на времето како што почнавме да го учиме се повеќе и повеќе за енџинот/софтверот “UNITY”, со текот на времето дознавме дека можеме да креираме и создадеме нешто многу повеќе од тоа да биде само 10 минутна игра. Почнавме да креираме плус нови нивоа и да го прошируваме светот на “WOUNDED”, со самото тоа што создадовме и додаовме плус локации разбравме дека можеме исто на овој свет да додадеме и приказна. Имав поминато безброј неспиени ноќи напорно работејќи и обмислувајќи што би било она што ќе доведе до нешто ново (досега невидено) на овие простории (Македонија). Огромен предизвик ни беше да создадеме нешто со потполно нула буџет, но нашата пасија, желба,љубов кон гејмингот и упорност беше она што не натера да продолжиме понатаму! Ни беа потребни 4 години да го изработиме овој проект, воедно и учејки го софтверот/енџинот Unity (UNITY софтверот во кој е изработена играта) целосно сами. Некои од нас беа дури и приморани да паузираат со факултет, дадовме се од себе! Исто така како битен фактор кој влијаше врз нашиот мотив беше тоа што за демото на Wounded, еден од најпознатите светски YouTube-ри Markiplier изјави “Ова е одлично, немам играно толку добра инди хорор игра како оваа”. Видеото има околу 5 милиони прегледи во моментов.

Што е следниот чекор дали имате веќе во план нов проект?

-Како следен чекор ни е на 28.02.2019 да ја извадиме “WOUNDED” на светски познатата платформа за игри STEAM, а подоцна и на PS4 и Xbox One.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This