СВЕТ БЕЗ НАТО: НАТО во името на “безбедноста и демократијата“ уби многу луѓе, уништи многу народи и држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кризите во светот мора да се решаваат без војни! Затоа, меѓународната заедница мора да се дистанцира од менталитетот на НАТО.

НАТО е производ на Студената војна и меѓународната заедница мора да ги отфрли тие политики.

Се разбира, ниту една земја не е во можност самата целосно да се заштити и затоа светот мора да создаде нов систем на сеопфатна меѓународна безбедност!

За жал, НАТО во името на “безбедноста и демократијата“ уби многу луѓе, уништи многу народи и држави… Државите мора да го напуштат наследството на Студената војна.

Потребно е да се изврши ревизија на целиот систем на односи во светот!

Светот мора да го рекомпонира корпоративниот глобализам на западните мултинационални корпорации чијшто инструмент е НАТО!

Ова треба да бидат интересите и на Македонија и на Македонците: Свет без војни! Свет без воени пактови од времето на Студената војна! Македонија надвор од членство во вило какви воени сојузи! Културниот глобализам наспроти корпоративниот глобализам!

Впрочем, Гоцевата мисла, великанот на македонското револуционерно движење, “светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ не претставува само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на една стара цивилизација – Македонската, како систем на универзални вредности: мирот и љубовта насроти омразата и војната; толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; и културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам којшто врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка!

 

Пишува
Тодор Петров

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This