СВЕ(Ц)КА НЕКУЛТУРА ВО СКОПЈЕ: Дипломати од КФОР мува не ги лази за сообраќајните правила и прописи во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо да служат како пример за „западни вредности“ и добри практики, дипломатите во Македонија очигледно се почесто и полено попримаат од (не)културата на локалното население. Најверојатно, затоа што така им е и полесно. А и покомотно се чувствуваат кога не ги почитуваат правилата поради кои во земјите од каде што доаѓаат би биле сериозно санкционирани

На фотографијата може да се забележи џип на дипломатската мисија на КФОР, кој и покрај полупразната гаража „Солунски конгрес“ решил да се паркира на самиот влез. Онаму каде што е забрането. Најверојатно, затоа што излезот од гаражата му бил најблиску, па да не се заморува. Сепак, дипломат е.

Ваков сличен случај пријавија граѓаните и со возило на Руската Амбасада, која итно реагираше и преку социјалните мрежи ги информираше граѓаните дека е лоциран возачот на џипот, а против него итно е поведена дисциплинска постапка.

Освен Руската амбасада, во Македонија досега ниту едно дипломатско претставништво не информираше дека превземале мерки против нивните вработени кои го узурпираат пешачкиот простор на жителите на Скопје и Македонија, односно не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This