СВИРКАЧИ СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА АЦЕ КОЦЕВСКИ: Како Аце Коцевски стана еден од најбогатите велешани?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аце Коцевски цели два мандати беше градоначалник на Општина Велес. Денес е еден од најбогатите луѓе во градот. Тој поседува имот вреден милиони кој го покажува за само неколку години откако му завршува градоначалничката функција. Како се станува милионер веднаш откако се заминува од позицијата градоначалник тоа го знае само Аце Коцевски. Многу примери за начинот на неговото работење додека 9 години беше градоначалник упатуваат на тоа дека токму преку неговата позиција тој се стекнал со ова огромно богатство. Еве еден таков пример.

Како изговор за изграда на фонтана во Велес тој упатува писмо до сите велешки фирми и од нив барал да префрлаат пари на сметката на една фирма од Куманово. Фирмата од Куманово е АДМИРАЛ ДООЕЛ која тој лично, без тендер, во четири очи си ја договорил за изведувач.

Аце Коцевски лично ја спроведувал целата матна операција. Тој се јавувал по велешките фирми и ги принудувал парите за фонтаната да ги уплаќаат директно на сметката на кумановската АДМИРАЛ Дооел, а не на сметката на општината како што налагаат законите. Никој освен Коцевски не бил вклучен во зделките и никој не знае кој уплаќа пари, колку пари биле префрлени на приватни сметки и каде точно тие пари одат. За точната сума прибрана од велешките фирми и префрлени на сметката на кумановската Адмирал ДООЕЛ до ден денес нема официјален податок, но велешките бизнисмени споменуваат огромна сума на пари.

Она што е најважно, никој не знае колку од оваа огромна сума била потрошена за она што Коцевски тврдел дека и била намената, а колку пари завршиле во неговите приватни џебови и во џебовите на неговите бизнис партнери.

Овие денови јавноста дозна една целосно поинаква вистина за Аце Коцевски, вечниот кандидат за градоначалник на Велес. Тој не е оној чесен и скромен политичар што се обидува да се претстави. Тој е милионер кој за многу кратко време и на матен начин успеал да создаде градежна бизнис империја.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This