Свиркачот Лазаревски до Мијалков: Јас прв ве внесов во просторијата за прислушување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во напната атмосфера, со привремени надвикувања на адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, и обвинителите од СЈО, во моментот се врши испрашувањето на сведокот Ѓорѓи Лазаревски, за нелегалното прислушување во УБК.

Додека Шврговски вкрстено го испрашува Лазаревски, во неколку наврати реагираше обвинителката Ленче Ристовска, барајќи адвокатот да не му вика на сведокот, и да не му врши притисок.

Шврговски го праша Лазаревски зошто тврдел дека бил деградиран во УБК, бидејќи додека Мијалков бил директор самиот кажал дека бил унапраден и поставен на одговорна функција. Лазаревски појасни дека е точно дека во 2012 година бил унапраден, откако претходно во 2006 година бил деградиран за пет скали и бил на ниво на почетник.

Шврговски го праша и како тој самиот влегол во системот за прислушување, односно дали овластено или неовластено?

Лазаревски одговори дека влегол со корисничкото име и лозинка како главен администратор, бидејќи никој формално не му ја укинал лозинката, која ја имал од претходно, кога бил на позицијата на Горан Грујевски, ниту пак некој го сменил пасвордот.

-Го искористив моментот што тој пасворд не беше сменет, рече сведокот.

Во просторијата каде што бил системот за снимање на комуникациите можеле да влезат од 15 до 20 луѓе, меѓу кои и директорот на УБК, одговори Лазаревски, посочувајќи ги со име и презиме оние кои влегувале во просторијата.

Тогаш Лазаревски му дофрли на Мијалков дека тој за прв пат и него го внел во просторијата, на што Мијалков со прст негираше дека било така.
По кратка пауза ќе продолжи испрашувањето на сведокот од страна на одбраната, при што се очекува и Мијалков да се соочи со Лазаревски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This