April 27, 2024, 12:00 am

Св. Трифун иако живеел само 21 година, имал исклучително интересен живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници, а особено лозарите, секој 14 февруари го одбележуваат верскиот празник Свети Трифун, мaченик и заштитник на лозарите, поради чудата за кои веруваат дека ги направил за време на својот краток живот.

Нема точни податоци околу тоа, од кога во тиквешкиот крај започнало организирано прославување на верскиот празник Свети Трифун. Преданието вели дека оваа традиција има длабоки корени, бидејќи и најстарите тиквешани се сеќаваат, како нивните дедовци и прадедовци го прославувале овој празник.

-Култот на почитување на свети Трифун од јужните предели на Јадранското Море е пренесен во Јужна Италија и Сицилија, а во Котор се чуваат и дел од неговите мошти. Иако живеел само 21 година, Трифун имал исклучително интересен живот. Уште како дете, според житието, Бог благословил во него да се всели Светиот дух и да го обдари со чудотворство и му успевало да помогне со својата способност во лекување најразлични болести, а имал и моќ од луѓето да ги истерува демоните.

Нему му се припишува дека направил многу чуда. Едно од тие чуда било поврзано со убавата принцеза Гордијана. Настанот се случил кога со Римското царство управувал нејзиниот татко Гордијан, за МИА раскажа Томе Крстевски, етнолог во кавадаречкиот музеј.

Принцезата имала сериозен духовен проблем, па се сметало дека во неа влегол ѓаволот и постојано ја измачувал. За своето дело Трифун бил богато награден од царот, но тој целото богатство им го подарил на сиромашните, а самиот и понатаму продолжил да живее скромно и да работи на лекување на болните.

Во времето на владеењето на императорот Декиј, наречен мач ител, бидејќи жес токо ги пр огонувал христијаните, бил уап сен и младиот Трифун.

-Бил подложен на жесто ки измач увања, со цел да се откаже од неговата верба кон Бога. Откако мач ителите не успеале во тоа, во 250 година му ја отс екле главата. Византискиот цар Јустiнијан кој бил роден во Македонија, на маче никот Трифун му изградил црква во Цариград, со што уште повеќе го зголемил култот кон светителот.

Закројувањето на винови лози на овој празник, се врши и во црковни и манастирски имоти во Тиквешијата. Се верува дека сите оние кои ќе земат гранчиња од пресечените лозови прачки и ги однесат во своите лозја, ќе имаат среќа и бериќетен род во текот на претстојната година.

-Во Македонија денот посветен на свети Трифун, кога симболично се закројуваат винови лози, спаѓа во поголемите православни празници. Свети Трифун, покрај на лозјата и градините, се смета и за заштитник на меанџиите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This