„СГС“ ДОБИ 287.785 ЕВРА ТЕНДЕР ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Фирмата за која СДСМ тврдеше дека е на Мијалков, доби тендер од речиси 300.000 евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата СГС (Секјурити Сервисис Груп) која се поврзува со името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, добила тендер од над 17 милиони денари или 287.785 евра од Агенцијата за Електронски комуникации – покажуваат документите објавени на бирото за јавни набавки.

Оваа информација на неговиот фејсбук профил, прв на јавноста и ја обелодени Ивор Мицкоски од СДСМ.

Инаку со дел од прислушуваните разговори кои ги објавуваше СДСМ кога беше опозиција, тие тврдеа дека докажуваат дека СГС е на Мијалков.

Тогашната опозиција објави аудио разговори за кои тврди дека се докажува дека директорот на УБК стои зад агенцијата за обезбедување СГС која брзо се прошири и го зеде приматот на македонскиот пазар во оваа дејност, обезбедувајќи клучни објекти во земјава.

СДСМ обелодени аудио снимки во кои Мијалков наводно договара тендери и вработувања во агенцијата за обезбедување СГС

Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) стои зад агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисис (СГС), обелодени СДСМ на тогашната „политичка бомба“ во Кавадарци.

Како потврда на ова, СДСМ објави аудио снимки од разговори кои наводно се водат меѓу Мијалков и Слободан Николовски – Цобе, пензионер на МВР, поранешен командант на мобилната единица „Алфа“ и поранашен командант на ЕБР, кој во една прилика за медиумите призна дека е надворешен соработник на агенцијата СГС.

Дополнително на ова, беше објавен разговор меѓу Мијалков и Дејан Митревски – Урко, поранешниот телохранител на премиерот Никола Груевски кој се повлече од агенцијата за обезбедување „Лупус“ откако СГС почна да работи со полна пареа.

Во тоа време, во неделникот „Фокус“ излегоа серија написи дека зад новата агенција СГС која се отвори во 2010 година, а почна да обезбедува клучни објекти во Македонија, всушност се крие Мијалков.

Во тогашниот објавен разговор кој наводно се води меѓу Мијалков и Урко, директорот на УБК го прекорува како протекле информациите.

-Знаеш ли сега што направија твоите глупости. Гледаш ли сега?– Му вели Мијалков.

-Никогаш не сум спомнал за СГС, поготово и од тоа се тргам, нити планирам, нити сакам контра тебе ја во некој поглед да бидам. Ова е глупо што некој го збори и го мисли, мене ме мести цело време. А, цело време масло е на Верче и на Рамче- одговара Урко и додава: -Јас не сум те спомнал нити тебе, нити Агенцијата, баш те подржавав-.

Во еден од разговорите, Николовски го информира Мијалков дека бројот на вработените достигнал над 930 луѓе на што Мијалков наводно вели „чекај, уште да го завршиме ова со Т-мобиле и ќе одиме до 1.100“.

Во друг разговор, пак, Мијалков и Николовски-Цобе договараат средба на која што треба да го информира за трошоците на СГС.

Во истиот разговор, според СДСМ, Мијалков потврдува дека и неговите пријатели од мобилниот оператор „Албафон“ треба да склучат договор со СГС. За да се реализира оваа зделка потребни се измени во договорот со Телеком.

-И сега има таму една клаузула во договорот со нив дека, да го задржиме правото на ексклузивност, значи само нив да ги обезбедуваме, да не озбезбедуваме некоја фирма со слична дејност таму што е- вели Николовски.

– А, не бива таа работа – вели Мијалков.

– Да, и сега тука ќе мора на овие да им откажеме- вели Николовски.

– Ќе си го тргнат тоа од Договорот и готово- одговара Мијалков.

Во дел од разговорите, може да се слушнат како се планираат нови вработувања во СГС, нови тендери за обезбедување, а се слуша и како Муса Џафери од ДУИ регира дека во агенцијата СГС има вработено лица, членови на ДПА. Мијалков на ова одговара дека сите ќе бидат ДУИ, ако треба.

-Само дајте ми ги имињата и ќе бидат тргнати- вели тој.

 

Извор
Лидер.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This