April 19, 2024, 11:11 am

СДСМОВСКИТЕ МЕДИУМИ СО ГОДИНИ ЈА МАНИПУЛИРААТ ЈАВНОСТА: Груб обид за спинување на големите скандали на Венко Филипче, кадар на Шекеринска, а назначен за министер во здравството во корелација со веледрогеријата „Д-р Пановски“,

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човекот кој набавувал дефибрилатори во времето на Тодоров му е кум на Васко Наумовски, а не на Мартин Протоѓер, дознава „Република“.

Во текстот „Неофицијално: Филипче ја преземал идејата за тендерот од Тодоров“, објавен на Нова ТВ, пишува дека човекот кој наводно добивал тендери во здравството во времето кога министер за здравство беше Никола Тодоров е кумот на Мартин Протоѓер.

„Дознаваме дека  фирмата подизведувач АХР ЛАБ која во Централен регистар е со основачки влог од само 5000 евра, е само покритие зад кое стоела фирма на кумот на Мартин Протуѓер, човекот кој го доби скандалозниот тендер за дефибрилатори, како и многу други тендери во здравството.“

Всушност, човекот за кој пишува во текстот на порталот му е кум на Васко Наумовски, а фирмата, семеен бизнис, повеќе од 25 години е претставник на реноморани компании од областа на медицината во Македонија. Во текот на две и полдецениското работење на фирмата не биле забележани активности преземени во спротивност со законот.

Освен тоа, медиумите блиски до СДСМ долг временски период континуирано манипулираат со јавноста со цел да му нанесат политичка штета на Мартин Протоѓер. Ваквите текстови се груб обид за спинување на големите скандали на Венко Филипче, кадар на Шекеринска, а назначен за министер во здравството во корелација со веледрогеријата „Д-р Пановски“, чијашто сопственичка е д-р Ирина Пановска – Ставридос, најдобра другарка на Шекеринска.

Овој текст е последен во низата шпекулации кои со години ги готви кујната на СДСМ против Мартин Протоѓер. Информациите кои тенденциозно лажно ги пласираат овие медиуми лесно можат да се проверат, а можат да се земат предвид и необјавените деманти кои со години им ги испраќа Протоѓер на овие медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This