СДСМ БЕГА ОД ИЗБОРИ: Се уште претседателот на собранието не ја става на дневен ред иницијативата што само по себе покажува дека бегаат од избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за Прессинг ТВ, истакна дека ставот на партијата е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните претседателските избори, коишто се надева дека ќе се одржат заедно со парламентарните избори, затоа што смета дека е време во Македонија да се одржат парламентарни избори за да се дојде до промена на власта.

Тој вели дека ја повикува власта, односно владејачкото мнозинство во собранието ден поскоро да ја стави на дневен ред иницијативата која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во собранието, со цел да може собранието да се произнесе.

-Се уште претседателот на собранието не ја става на дневен ред иницијативата што само по себе покажува дека бегаат од избори, затоа што не сакаат да се соочат со граѓаните и со мислењето на граѓаните на едни такви избори, вели Николоски.

Тој истакна исто така дека таквото бегање од избори нема да помогне на никого и затоа ги повикува да ја стават на дневен ред Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на собранието и за формирање на техничка влада согласно моделот на формирање на техничка влада 100 дена пред избори и одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This