СДСМ БЕГА ОД ИЗБОРИ: Си купија уште два дена, најдоцна до понеделник ќе донесат одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе има ли предвремени избори во пакет со претседателските како што побара ВМРО-ДПМНЕ.Одлуката се очекува да се донесе на утрешната седница на Извршниот одбор на СДСМ.

Опозицијата притиска за предвремени избори, СДСМ се уште не донеле конечна одлука. Се очекува Извршниот одбор на социјалдемократите најдоцна до понеделник да се состане на „Бихаќка“ и да пресече дали ќе го прифати предизвикот од ВМРО ДПМНЕ заедно со претседателските да се оди и на вонредни парламентарни избори.

Во ВМРО ДПМНЕ се сомневаат дека владејачката партија намерно ја одолговлекува одлуката за избори со цел за да избегне двојни избори и формирање на техничката Владата. Партијата минатата недела поднесе иницијатива за распуштање на Собранието, но истата се уште не е ставена на дневен ред. Синоќа и опозициската Алијанса за Албанците по одржување на Централно раководство во Тетово побара одржување на предвремени избори. Партијата го овластила лидерот Зијадин Села да разговара со останатите политички лидери околу можното одржување на парламентарни напролет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This