СДСМ ВЕТИ КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО: Добивме клуч на врата на државните болници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ветувања за квалитетно јaвно здравство по кројот на европското, до најави за клуч на врата за државни болници што не се доволно конкурентни со приватните.

Владините планови за подобрување на здравствените услуги се менуваат.

Во „Планот на живот“ стои:

„Ќе овозможиме квалитетно јавно здравство достапно за сите, во кое што ќе работат стручни и квалитетни лекари. Ќе воведеме бесплатно бoлничkо лekyвање за сите граѓани. Јaвното здрaвство ќе oбeзбедува квалитетни и лесно достапни услуги, а граѓаните немaaт потреба да плаќаат медицински интервенции во приватни бoлници“.

Во „планот“ има наведено и користење на ресурси на приватните болници, но доколку истите недостасуваат во државните.

Користење на ресурсите на приватните болници, за услуги кои во моментов ги нема во јавното здравство, преку склучување на договори.

Во меѓувреме плановите се променија.

Новите, веројатно значат клуч на врата за државните клиники чии квалитет на услуга нeма да биде идентичен како во приватните болници. Намерно или случајно, предизборно се најави нов систем – фондот за здравствено осигурување кој се полни од пари на граѓаните, „ќе го цедат“ и приватните болници.

Алфа побара став за ова и од Министерството за здравство, но до почетокот на овие вести, одговор не добив.

Идејата на Заев не е прифатлива за дел од лекарите, кои велат дека, наместо да се одбере најлесната опција – приватизија, треба да се оптимизира јавното здравство.

Најавата за ново системско уредување на здравственото осигурување, отвара низа прашања и дилеми. Дали за ваквите планови не е потребен и приватен фонд за осигурување по примерите на европските земји? Колку од граѓаните ќе го користат јавното здравтсво доколку за исти пари би можеле да се лекуваат во приватните болници? … и дали би можела да се воспостави целосна државна контрола врз приватни фирми?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This