СДСМ ВЛЕГУВА ВО СВОЈАТА ФAШИЗOИДHA ФАЗА: Јовче и Фросина Ременски вршат партиска „ceча“ во МВР и УБК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ влегува во својата фашизоидна фаза во која спроведува свое “финално решение” на професионална елиминација на сите кадри во безбедноста кои не се нивни партиски членови и послушници. Зоран Заев, откако им овозможи преку Оливер Спасовски шанса на “безбедњачкиот” брачен пар Ременски за пресметка со сите кои се против Заевизмот се врши партиска сеча на секој што ним им смета. Не само во МВР, во сите институции. Формулата е едноставна

Откако преку партијата или лично Фросина ќе добие неподобно лице за елиминација, на сцена настапува сопругот Јовче кој преку функцијата помошник-директор во УБК започнува со притисокот врз пониските ешалони да креираат негативна безбедносна проверка за таргетираното лице, со цел да не добие безбедносен сертификат. На тој начин лицето не може понатака да ги врши своите работни должности, да унапредува и да има развој во кариерата. Иако нема конкретна причина за негативно мислење, сепак дискреционите овластувања на УБК во оваа област се користат неограничено со цел од институциите да се “исчистат” неподобните на Заев, Спасовски, Ременски и СДСМ.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ДБКИ врз основа на негативното мислење од УБК изготвува решение за одбивање на издавање на безбедносен сертификат на лицето и со тоа целокупната негова кариера е ставена на коцка. Во зависност од потребите на Ременски, а да не мораат да ги преправаат понатака своите проверки, има случаи кога вработените од УБК кои ги вршат теренските проверки прашуваат дали проверката треба да е позитивна или негативна за да знаат како да биде срочена. Досегашниот директор на УБК, Горан Николовски е само нем набљудувач на целава оваа брутална постапка на Ременски со цел да не си ги докомплицира односите со брачниот пар, а со тоа и со СДСМ, со цел да добие висока позиција и во новата Агенција за национална безбедност предводена од партискиот другар на Ременски, Викторио Димовски.

Досега, освен елиминацијата на стотина кадри од УБК и МВР со цел да не влезат во новата АНБ, со негативни сертификати по нарачка, своите услуги од брачниот пар Ременски во најмалку десетина случаеви ги користеле и првите луѓе на ДБКИ, АР, ВСБИР и Армијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This