СДСМ ВО ПРОГРАМАТА „ЗА ЖИВОТ“ ЈА ИМА ВМЕТНАТО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА: „План за живот во федерална и двојазична Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако се чини дека прашањето за двојазичност и федерализација кое го турка СДСМ е од последниве неколку месеци, реалноста е дека терен за оваа идеја се отвора подолг временски период.

zaev_verus_albansko_zname

СДСМ и нивните стратези веќе долго заговараат двојазичност и промена на Устав, а причината за ваквите антидржавни политики е надежта дека ќе добијат поддршка од албанскиот електорат. Кокетираат и ги продаваат државните интереси, за столче во Собрание и шеф на Влада.

Човекот кој цели да стане премиер на Република Македонија, лидерот на опозицијата Зоран Заев, бесрамно и јавно го претстави она што е напишано во нивната изборна програма. Идејата за федерализација и двојазичност сега доби и пишана предизборна рамка, во изборната програма на СДСМ „План за живот во Македонија“.

„Планот за живот во Македонија“ инаку предвидува федерализација и двојазичност, па истиот може и слободно да се преименува во „План за живот во федерална и двојазична Македонија“.

sdsm-programa-1-640x467

Заев на своите митинзи, инаку многу слабо посетени, ја промовира токму оваа програма и план за разнебитување на Македонија.

Колку долго СДСМ и нивните стратези заговараат федерализација и двојазичност во Македонија?

Дали прашањето за двојазичност и федерализација од СДСМ беше стратегија на Героски?
gero_federalizacija
Бранко Героски во својата колумна „Ајде да зборуваме за федерализација, зошто да не“ објавена пред точно една година вели: „Тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите.“

Звучи познато? Секако дека да. Заев пред неколку недели во Швајцарија пред албанската дијаспора го кажа сосема истото:

– Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, порача Заев од Швајцарија.

Геровски во својата колумна објаснува, како тој гледа на ова прашање:

-Знам дека ова звучи безмалку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна. Треба да се има на ум фактот дека документот потпишан во Охрид, по своето настанување и по својата природа, всушност, е мировен договор, со амбиција да оконча еден потенцијално девастирачки конфликт, на тој начин што решава неколку прашања поврзани со македонската конституција и скицира, приближно прецизно, неколку новели во Уставот. Од тој аспект, Охридскиот договор беше успешно остварување – конститутивниот акт беше променет, нациите добија нова дефиниција (етнички заедници), се прогласи билингвална федерација (иако не со тоа име, се разбира), се вети правичност во распределбата на заедничкото „богатство“ и слично. А војната заврши….За жал, македонските политичари никако да разберат дека политичките договори имаат слово, но имаат и дух што треба да се следи. Духот на Охридскиот договор е спасување на унитарниот карактер на државата, со проширени права на албанската етничка заедница, до степен на една, во документот недооформена дефиниција на Македонија како билингвална федерација. За споредба, духот на двата договора од тоа несреќно и актуелно Пржино, на пример, се дијагнозите и императивите од извештајот за Прибе. Но, велам, нашите политичари никогаш не сакаат да размислуваат за „филозофијата“ на договореното. Тие се клоцаат под маса кога ги потпишуваат договорите, потоа ги толкуваат како кому му одговара и одново преговараат за она што еднаш веќе е договорено. Патем речено, таа техника до совршенство ја доведе политичкиот „геније из Кеније“ Никола Груевски, пишува Героски.

За разлика од „експертот“ Героски, македонските интелектуалци ја осудуваат идејата за отворање на прашањето за промена на Уставот.

Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук статус напиша:
cuculoski
SALTO MORTALE. На 13.11.2016 г., во Берн – Швајцарија, беше организирана трибина на која (пред тамошната албанска дијаспора) своите визии за Република Македонија ги изнесе и г. Заев. Целината на неговото обраќање може да се види на http://www.albinfo.ch/zoran-zaev-para-publikut-shqiptar-ne…/ Во оваа пригода, ќе се задржам само на два момента од неговото обраќање, сметајќи ги за битни. Прво, г. Заев смета дека Рамковниот договор треба да се промени, бидејќи тој (г. Заев), како широк човек, не трпел никакви рамки. Тоа значи дека за него е претесно она што го предложија и што своерачно го потпишаа Љубчо Георгиевски, Имер Имери, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Арбен Џафери, од македонска страна, и Франсоа Леотар и Џејмс Пердју како претставници на ЕУ и САД. Импликацијата е дека за г. Заев претесни се и ЕУ и САД. Затоа, тој ќе го прширувал Рамковниот договор! Само што изумува дека тој Договор веќе не постои, па и нема што да проширува. Рамковниот договор е преточен во Уставот на РМ и со него одамна е готово, како што е готово со детето, кое прераснало во возрасен човек. Него (детето) веќе го нема, бидејќи преминало во возрасен човек, во кого живее, онака како што Рамковниот договор, прераснал во Уставот и сега таму живее. Само што Заев, по сѐ изгледа, никогаш не чул за дијалектичка негација, најверојатно затоа што никогаш посериозно не се бавел со теорија. Политиката, пак, без поткрепа на теоријата, не е политика: таа е или авантуризам или политиканство; или, што е најчест случај, и едното и другото. Второ, незадоволен од „неспроведувањето“ на Рамковниот договор, г. Заев ќе ја преобразел Р.М. во Швајцарија на Балканите. Меѓутоа, бесмислена е било какво споредување помеѓу Р.М. и Швајцарија, бидејќи Италијаните, Французите и Германците, кои живеат во Швајцарија, своето право на државотворност одамна го оствариле во своите матични држави Италија, Франција и Германија, па затоа можат да воспостават такви односи какви што воспоставиле во Швајцарија. Понатаму, на неодржливоста на оваа идеја укажувале и жестоко ја критикувале многу македонски интелектуалци и новинари блиски до СДСМ. Во оваа пригода, укажувам само на еден текст од Ерол Ризаов (види го текстот на http://www.utrinski.mk/…) И на крајот, меѓутоа не и на последно место, идејата за Македонија како Швајцарија на Балканите тесно е поврзано со залагањата на Иван/Ванчо Михајлов, идеја против која се бореле, и се борат, сите искрени македонски интелектуалци и партии, вклучувајќи го и СДСМ. Но, наеднаш, г. Заев прави вчудовидувачко salto mortale, потврдувајќи ја тезата дека спротивностите, колку и да звучи апсурдно, во еден миг и во една точка/идеја, идеално се поклопуваат, како, на пример, идеите на михајвилистичката ВМРО и лидерот на СДСМ. Ова е причина повеќе СДСМ да се огради од него и од неговите ставови, а ВМРО-ДПМНЕ, без разлика на сите лудости што ги донесе со себе, сепак да не го прогласи за свој почесен претседател.
Во меѓувреме, очекувам г. Заев да ги објави прислушуваните разговори и на опозицијата, бидејќи и без да ги објави „бомбите“ народот знаеше за многу недела на оваа власт, бидејќи ги искуси, како што и натаму ги искусува врз сопствените плеќи. Но, сепак, потребно е нешто да се чуе и за нив, за луѓето на Заев. Ако за ништо друго, тогаш барем за избалансиран однос на информациите. Capito?

Против идејата за федерализација застана и поранешниот претседател на Собранието и еден од најголемите авторитети за Уставно право, професорот Саво Климовски.

-Тезите на господинот Заев и на СДСМ ги набљудувам и се обидувам да ги разберам од два аспекти: едниот аспект е нивното не знаење и не можност да направи разлика што е тоа општество а што е држава. Замената на тезите за она што е општество а нашето општество е мултинационално општество каде сите заедници имаат еднакви права и ако таа теза сега ја замените со држава во тој слушај станува збор за еден вид на злосторство и тоа не од небрежност, незнаење туку со умисла, појасни во гостување на Сител, професорот Климовски.

Ова значи дека Заев е свесен што зборува како и последиците од неговите активности. Раководството на СДСМ исто така е свесно, бидејќи стојат зад програмата „План за живот во федерална и двојазична Македонија“. И граѓаните на Македонија се свесни што значи таквиот план за нивната иднина, иднината на нивните деца, внуци…иднината на државата.

Критики кон политиката и програмата на СДСМ упати и најголемата политичка партија, со најголема поддршка кај електоратот во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, па лидерот Никола Груевски им се обрати на граѓаните:

-Покрај двојазичност на цела територија Зоран Заев очигледно ветувал и кантонизација на Р. Македонија. Кантонизација во Швајцарија е една работа, а сосема друга работа е на Балканот. Кантонизација на Македонија би значело 5,6 кантони кои со тек на време еден по една на легален начин со одлука на нивните локални кантонски влади ќе се отцепуваат. Тоа е последниот чекор пред растурање на една држава без војна. Такво нешто не ни треба. Мораме да застанеме на патот на оваа .луда идеја на Зоран Заев. Мораме да застанеме затоа што тоа ќе има сериозни последици од големи размери. Дали ќе биде за три или пет години, проблемите ќе дојдат пред нашата врата, истакна на митингот во Велес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This