СДСМ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ФАБРИКИ И ГИ ИЗБРКА ЛУЃЕТО НА УЛИЦА: За време на СДСМ на работа одеа 9.831 велешани, денес работат 15.579 наши сограѓани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред 10 години во Велес се затворија сите фабрики и фирми. Експертите од СДСМ успеаја се што нашиот народ со години градеше да го уништи. Велес беше најуништениот град. Во овие години наназад со многу труд успеавме Велес да го вратиме на мапата на Македонија, истакна вечерва Илија Димовски носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ од Велес.

ilija-1-640x426

-Успеваме да го изградиме театарот, да го решиме проблемот со свлечиштето Рамина. За само пола година од доаѓањето на Груевски за премиер се реши ова крупно прашање. Велес денес има чиста вода за пиење благодарение на ВМРО-ДПМНЕ. С е направија многу патни правци. 6,73 милиони евра се потрошија само за изградба на локалните патишта. Се изврши реконструкција на автопатот кон Скопје и се набавија 6 нови возови значајни за Велес и нашите граѓани, рече Димовски.

Посочи дека порано она што никој порано не го веруваше денеска е реалност , а тоа е отворање на многу фабрики.

-Иако Велес не важи за земјоделски град, но Велес има многу значајни земјоделски пространства кои последните години се обработуваат. Над 2000 семејства добиваат земјоделски субвенции, истакна Димовски.

Тој потсети на времето кога СДСМ си одеше од власт дека во Велес на работа оделе 9.831 човек и направи паралела дека денеска кога ВМРО-ДПМНЕ се на власт во Велес на работа одат 15.579 велешани.

-Во време на СДСМ се затвора фабрики во време на ВМРО-ДПМНЕ тргнуваат на работа. Велес е срцето на Македонија и Велес не сака двојазичност, не сака федерација. Велес нема да прифати промена на уставот нити проширување на Охридскиот рамковен договор. Се што сме имале ни земале порано, немаме што да дадеме, рече Димовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This