СДСМ ги излaжa и жителите на општините од источниот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ целосно ги заборави и ветувањата кои ги даваше за жителите на општините од источниот регион, каде во нивните програми ветуваа проекти за развој и просперитет за овие општини.

СДСМ во Пробиштип ветуваа многу проекти, каде како најважни можеме да ги издвоиме ветувањата за гасификација на општината, санација и хортикултурно уредување на старата депонија Јаловишна, уредување на простадот на улица Ленинов, како и изградба на патишта до Пониква (преку Злетово) и до с. Јамиште. СДСМ вети и излажа за овие проекти во Пробиштип.

За жителите на Општина Карбинци СДСМ ветија изградба на брана на Козјачка река, ново училиште и старечки дом во Таринци, како и изградба на канализациони мрежи во Козјак и Нов Караорман. СДСМ од сето ова ништо не оствари.

СДСМ ветуваа многу и за општина Чешиново-Облешево, како што е изградба на нова индустриска зона, нов регионален водовод и фекални канализации, како и регулирање на коритата на реките Брегалница и Кочанска река. Секако, СДСМ ништо од ова не реализира.

За жителите на Општиан Зрновци СДСМ вети и не оствари реконструкција на каналот за водоснабдување на Зрновци, како и изградба на нова индустриска зона со откупен центар.

СДСМ пред скоро 4 години ветуваа напредок, проекти, развој и многу работа за овие општини, а испорачаа лаги, корупција и очај.

На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија, велат во својот Фејсбук статус од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ГИ ИЗЛАЖА И ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНИТЕ ОД ИСТОЧНИОТ РЕГИОНСДСМ целосно ги заборави и ветувањата кои ги даваше за…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Sunday, July 5, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This