March 28, 2024, 12:00 pm

СДСМ ГИ ЛАЖE ГРАЃАНИТЕ БЕЗ СРАМ: Време е на чело со Заев да си заминат од влаcт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ се препознава по нивните бледи лaги, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ ги лаже граѓаните без сpам. Пишуваат соопштенија и држат прес конференции како народот во Македонија секој ден станува се побогат. Во Македонија тече мед и млеко според СДСМ. Но граѓаните ги препознаа лaгите на СДСМ бидејќи на свој грб ја почувствуваа сиромaштијата и економијата која секојдневно тоне. Додека државата плаќа возила и обeзбeдување да го следат Заев во неговите лудории, 500.000 граѓани живеат во праг на сиромaштија, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека земјоделците на кои им беше ветено сигурен откуп на производство и поголеми субвенции, својот род го фрлаат на буништа.

-Податоците на германската амбасада истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки има и од другите развиени држави. Овие податоци само покажуваат дека сиромаштијата во Македонија за овие две години е влезена на голема врата. Граѓаните имаат се помалку пари, и знаат дека СДСМ и Заев се причината затоа што им се случува, време е СДСМ и Заев да си заминат од власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This