СДСМ ГИ МАНИПУЛИРА АЛБАНЦИТЕ И ДАВА ЛАЖНА НАДЕЖ НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ: Со ослободени криминалци ќе трча на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Закон за јазици, закон за амнестија, ослободување на затвореници. Манипулација со Албанците, игра со затворениците. Ова е стратегијата со која СДСМ настапува на локални избори.

Свесни дека Владата која ја предводат со својата работа и најавени проекти, не само што не ги исполни очекувањата, туку и ги разочара граѓаните кои можеби и малку поверуваа во најавениот „живот“ кој го ветуваше СДСМ, на Заев и СДСМ не им останува ништо друго освен повторно да се служат со лаги за локалните избори.

Резултатите од спроведени анкети за локалните избори не одат во прилог на СДСМ и нивните кандидати за градоаначалници, па затоа на „Павел Шатев“ се менува и стратегијата.

Ветената амнестија за осудени криминалци, според експертите и познавачите на на состојбите се должи на високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, па ослободените криминалци и бандити од страна на Заев би требало да ги заплашуваат граѓаните и тие да гласаат за СДСМ.

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владеачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.

-Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави Заев при неодамнешната посета на затворот во Идризово.

Додека се чека Законот за амнестија да биде биде изгласан во Собранието се бара начин како од затворите во Македонија да бидат ослободени лица осудени за тешки кривични дела. Медицински причини, пуштање на викенд без враќање назад се дел од методите кои се спроведуваат.

Па, така медиумите изминативе денови пишуваа за ослободувањето на Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу од затвор.

 

Пред четири дена од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.

Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип.

Здравствените проблеми вчера вечерта тутунскиот бос Сејдиу ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.

Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства, но тој не се врати назад во затворот.

Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8 септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Красниќи од Кондово, водач на Кондовската група, која се поврзуваше со повеќе кривични дела, беше приведен после неколкудневното држење на Скопје под опсада и закани за во оружен напад од Кондово кон главниот град. Красниќи ја одлежа казната во Штипскиот затвор, каде и се венчаше со својата избраничка.

Во минатото Красниќи важеше за многу близок до претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Заев пушта на слобода криминалци во пресрет на локалните избори, со што оваа Владата на СДС станува синоним за бандитизам и криминал, а партијата се става на страната и во заштита на криминалот.

-Овие луѓе со кривични дела зад себе ќе бидат ставени во функција во изборниот период. Заев знае дека ќе загуби и сега се ориентира кон недемократски методи кои значат корупција и рушење на демократскиот амбиент за избори. SWOT анализата на СДС која излезе во јавност јасно покажа дека силна страна е злоупотребата на МВР во функција на локалните избори. Значи ја имаат МВР, а сега и криминалците како Красниќи и Сејдиу кои се на слобода. Ослободувањето на осудени криминалци, е со цел да се вклучат во изборниот процес и преку недемократски средства да ја извлечат СДС од изборниот пораз кој им следи. Дополнително вчера соопштија дека ќе донесат одлука за амнестија за осудениците. Одлуката на владата на СДС за носење на амнестија е неиздржана,  и дневно политичка. Заев иако ветува, нема да донесе амнестија пред изборите, но на овој начин сака да ги излаже и затворениците да гласаат за нив на изборите. Ова се вика и изборна корупција. Ваквите дворско криминално коруптивни игри нема да им успеат. Тие ќе бидат казнети од граѓаните на изборите на 15 ти октомври, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This