СДСМ ГО ,,АМНЕСТИРА“ СЕАД КОЧАН И ГИ КУПУВА СОЦИЈАЛИСТИТЕ:Политички пазар со Арвировиќ се надеваат дека ќе дојдат до толку посакуваните и неопходни 81 пратеник за промена на Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалниците на СДСМ ги „амнестираат“ фирмите обвинети од СЈО, доделувајќи им тендери за изградба и реконструкција на улици и булевари, додека против нив се водат постапки дека со фалсификувани документи добиле тендери.

Општина Валандово, како што соопшти денеска, потпишала договор за реновирање на булевар во градот со фирмата Вато од Студеничани, една од компаниите обвинети во предметот „Труст“ и Сеад Кочан.

Парите со кои треба да се реконструира валандовскиот булевар се од европските фондови.

-Денеска во просториите на општина Валандово, градоначалникот, Перо Костадинов, заедно со претставник на ДПГТ “ВАТО ДОО – Студеничани”, го потпишаа договорот за реконструкција на дел од булевар на улица “Првомајска” Валандово. Целта на договорот е санирање на оштетениот дел од булеварот и овозможување поголема безбедност за сообраќајните учесници на истиот. Средствата за реконструкцијата на булеварот се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови а, администрирани според правилата на Светска банка- соопшти општина Валандово, споделувајќи и слика на која е обвинетиот на СЈО, за кого е при крај постапката пред скопкиот суд.

Во Скопје ги гони СЈО, во Валандово СДСМ ги амнестира и склучува договори

Сопственикот на Трансмет, бизнисменот Сеад Кочан кој беше во повеќе од два месеци, откако му беше одреден притвор, заедно со фирмите Силекс неметали и Вато, во 2011 година, со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ во вредност од над 17 милиони евра.

Покрај Кочан, во Труст е обвинет и Василие Авировиќ, син на пратеничката на Социјалистите Владанка Авировиќ, и Сафет Ватиќ од ВАТО. И додека СЈО ги докажува злоупотребите на тендерот за РЕК, градоначалници на СДСМ, како во случајов Перо Костадинов од Валандово, потпиша договор за изградба на булеварот, со европски пари.

Во овој случај се повеќе се зборува дека ќе дојде до политички пазар на крај, казната за Авировиќ ќе зависи од ветениот глас за поддршка на пратеничката на социјалистите која беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ на сегашната на СДСМ и ДУИ, кои на тој начин се надеваат дека ќе дојдат до толку посакуваните и неопходни 81 пратеник за промена на Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This