April 23, 2024, 11:34 am

СДСМ го избриша македонскиот идентитет, се откажа од правото на самоопределување, а од државата направија хибриден режим и најнепосакувана дестинација во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Гордана Силјановска Давкова носител во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Сопиште од каде што истакна дека СДСМ го избриша македонскиот идентитет, се откажа од правото на самоопределување, а од државата направија хибриден режим и најнепосакувана дестинација во Европа.

Силјановска потенцираше дека со СДСМ во Македонија нема парламентарна демократија, нема независно судство, нема право и правда и нема функционална држава бидејќи без ефикасни политики не може да функционира државата.

– Државата ја направија руина, а држава без стабилна и институции не е држава, држава во која доверба во судството имаат одвај 3% граѓани не е држава, држава во која врвот на јавното обвинителство односно СЈО е е синоним за корупција е држава е пред пропаѓање и како таква во извештаите ја водат како хибриден режим, рече Силјановска.

Токму затоа таа посочи дека има шанса да се обнови тоа што остана, но за тоа е потребна промена на власт. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе работи на обнова на Македонија, за младите да останат во државата и за таа цел ќе се донесат најмалку 4 милијарди странски и домашни инвестиции, ќе се покачат платите за 25%, пензиите за 20%, а за младите до 29 години при нивно вработување бизнисот ќе биде ослободен од давачки.

– Овие луѓе се однародени, живеат во свој свет кој не е ист со нашиот. Друг народ не се наоѓа, ама власт друга може да се најде. 15 јули нивниот црн ден ќе биде македонскиот светол ден, нагласи Силјановска Давкова

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This