СДСМ: Грижaта за сите грaѓaни е наш приoритет – 13.000 стeчaјци добивaaт меceчeн нaдoмeст

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– СДСМ како одговорна партија континуирано покажува вистинска грижа за сите граѓани. Речиси 13.000 лица кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, сега добиваат месечен надоместок од 9.242 денари до пензионирање или до вработување. СДСМ од 2017 година во неколку наврати го решаваше статусот на стечајците, а со последните измени и дополнувања на законот, уште 1.100 лица стекнаа право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечна плата по работник во претходната година – велат од СДСМ.

Според нив со ов исполнувале уште едно предизборно ветување и исправиле децениска неправда нанесена кон оние кои не по своја вина останале без работа.

– Владата предводена од СДСМ смета дека е неопходно да се инвестира во нашите сограѓани кои својот век го дале за татковината, а не во споменици и стиропорни фасади како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Разликата е јасна: СДСМ се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку повеќе да земе од нив. Продолжуваме и понатаму да креираме и реализираме мерки и политики кои обезбедуваат достоинствени услови за живот на ранливите категории, за подобрување на животниот стандард на сите граѓани – стои во партиското соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This