April 25, 2024, 12:36 am

СДСМ ДОБИВА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: ДУИ започна со предизборните активности, очекуваат убедливо водство во албанскиот блок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската унија за интеграција започна со активностите предвидени за изборната кампања во пресрет на предвремените парламентарни избори и уште еднаш покажува дека една од најорганизираните партии што е целосно подготвена за тој предизвик.

dui-23

Ова го истакна шефот на централниот изборен штаб на ДУИ Беким Незири по денешниот состанок на лидерот на партијата Али Ахмети, со претставниците на централниот и останатите изборни штабови како и претседателите на ограноците од ДУИ во партиското седиште во тетовска Мала Речица.

Од ДУИ остануваат и на ставот дека победниците во условно македонски и албанскиот политички блок треба да ја формираат извршната власт.

-Демократско право е дека треба да се почитува гласот на граѓаните во Македонија и остануваме на тој курс дека секогаш гласот на народот е тој што треба да се претстави во Собранието или во било кои структури во Република Македонија – изјави Беким Незири, шеф на изборниот штаб на ДУИ.

За  ДУИ еден од главните приоритети на  претстојните парламентарни  избори ќе бидат и изборите во дијаспората.

-Ние цениме и мислиме дека нашата дијаспора во континиуитет допринела за доброто на Република Македонија и ќе работиме максимално за да дијаспората има еден нивен претставник, еден нивен пратеник во нашето Собрание да преку него може да ги укажат нивните потреби како граѓани на Република Македонија во дијаспората. – додаде Незири.

ДУИ на изборите ќе настапи самостојно додека за тоа какви ќе бидат овие избори Незири посочи дека од 2002 та година кога ДУИ ги спроведувала изборите тие биле мирни и во согласност со европските стандарди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This