СДСМ ДОКАЖА ДЕКА НЕМА НИКАКОВ КАДАР: Остри критики и реакции по назначувањето на Лешоски за претседател на СВП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако синоќа  беше објавено дека Дарко Лешоски е назначен за претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП), на социјалните мрежи не стивнуваат реакциите и критиките на луѓето од оваа бранша за неговиот избор. Меѓу многумината кои реагираа е и писателката Румена Бужаровска која преку својот Фејсбул профил за овој избор порача:

– Дарко Лешоски ми е драг и го ценам. Ама мислам дека за таква сериозна, голема и толку интернационална афирмирана институција како Струшки вечери на поезија битната функција на претседател на управен одбор треба да ја врши некој со многу подлабоко и поголемо меѓународно искуство. Дека претходниот претседател на одборот држеше националистички говори пред тврдокорните не е изговор дека Дарче ќе биде стопати подобар. Време е малку подлабоко да ги разгледаме огромните фестивали со традиција како Охридско лето и Струшки вечери и на раководни функции да ставиме искусни луѓе. Дајте луѓе малку посериозно да работиме, а и критиката да ја сфаќаме конструктивно, пишува Бужаровска на Фејсбук.

За назначувањето на Лешоски како претседател на Управниот одбор до јавноста порака упати и поетот Иван Антоновски, кој ова го оцени како „удар врз македонската култура и плукање врз нејзиното достоиство“:

– Јас сум Дарко Лешоски. Немам ниеден труд во ниедна периодика и ниеден есеј посветен на книжевноста.“

„Нема ништо подосадно од книжевна критика.“

„А знаете што е подосадно од книжевна критика онака мераклиски да седнеш и да слушаш?! Поетско читање! А од поетско читање?! Поетски фестивал! Да, да, со сиот простаклук го зборувам ова.“

Дали е достојно и логично човек со вакви размислувања и ставови да биде претстедател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата?

Не е!Но, тоа ни се случи. И ни повеќе ни помалку, како претставник од редот на истакнатите поединци од областа на културата.

Дали е логично што човекот кој неколку години по ред, во август објавува ФБ-статуси во коишто тврди дека не му е место на СВП, сега да дојде на ваква позиција?

Не е! Очекувавме позитивни промени, нови видици и хоризонти, почитување на вредности… Вистински луѓе на вистински позиции и некои „наградени“, но не на вакви позиции. Ама наместо сето тоа, ни се случи удар врз македонската култура и плукање врз нејзиното достоиство.

НЕ СМЕЕМЕ ДА МОЛЧИМЕ!, пишува Антоновски меѓу другото.

Со критика за изборот на Лешоски за оваа позиција излезе и авторката Марија Лозаноска која вели дека во овој случај „не е битно што знаеш, битно е кого знаеш“.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This