СДСМ ДОЦНИ НЕКОЛКУ ГОДИНИ: АД „ЕЛЕМ“ веќе неколку години работи на проекти кои СДСМ дури сега ги најавува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ изгледа ја промени стратегијата во однос на енергетските прашања. Ако во минатото се обидуваа да манипулираат со тези во однос на енергетските политики за дневно политички потреби, сега започнаа да ветуваат и да ги копираат проектите на кои АД ЕЛЕМ веќе посветено работи во моментов и во изминатите години.
elem
Набавката нова механизација за потребите на рудниците во РЕК Битола е веќе во тек. Овој проект е започнат пред неколку години врз основа на темелни анализи. Јавниот финансиско технички дијалог што почна изминатата пролет и кој е потребен како фаза пред распишување на јавниот повик за набавка на механизацијата е завршен, а во моментов, целокупната тендерска документација е доставена за мислење и одобрување кај Советот за јавни набавки. Очекуваме веднаш после изборите да биде распишан и јавниот повик за набавка на оваа значајна опрема. Рударската опрема која се набавува врз основа на изготвена технолошко –економска анализа се однесува на ископ на јаловина и на јаглен во континуиран режим, а е предвидена и набавка на механизација за ископ и транспорт која ќе се користи за дисконтинуиран дотур на јаглен. Станува збор за современа опрема која ќе биде насочена кон целосно отворање на подинските јагленови серии во Суводол, како и за континуирана работа на постојните површински рудници Суводол и Брод Гнеотино. Во набавката е вклучена најразновидна рударска и логистичка механизација која ќе му овозможи на Комбинатот ископ на јаглен и непречена и ефикасна работа во наредните 15 години. Реализацијата на овој комплексен инвестициски зафат ќе значи намалување на трошоците при ископ на јаглен од новиот рудник Брод Гнеотино, и целосна независност на Комбинатот во процесите на производство и транспорт на јагленот. Со влегувањето во функција на предвидената опрема која се очекува етапно да пристигнува во комбинатот во наредните 24 месеци, целосните процеси на ископ и транспорт на јагленот до термоелектраните „Битола“, Компанијата ќе го реализира со сопствена опрема без потреба од ангажирање на надворешни фирми.

Исто така, најавениот проект за отворање на подинската јагленова серија која во наредните години треба да стане главен извор на јаглен за потребите на ТЕ Битола е веќе во тек.

Би сакале да повториме и дека производството на електрична енергија од домашните капацитети во целост ги задоволува потребите на домаќинствата и малото стопанство што како категорија на потрошувачи се на регулираниот пазар за електрична енергија.

За АД ЕЛЕМ, вработените остануваат најзначајниот ресурс . Компанијата никогаш не дозволила, ниту во иднина ќе дозволи вработените во РЕК Битола , но и во останите подружници да се изложат на дополнителни трошоци за оброк и превоз до работното место. Таквата политика ќе продолжи и во иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This