СДСМ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ СО ПАРОЛАТА „ЖИВОТ“: И направи сѐ за да ни го загрози животот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката истакна дека СДСМ на власт дојде со паролата „за живот“, а нам животот ни е загрозен.

-Не само заради високите концентрации на загаденост туку и заради валканата политика со која што се фалат. Ако мандатот, половина од мандатот на 26 министри, замислете само во предлагањето, одобрувањето, прифаќањето на решенија што не сме ни ги сонувале дека ќе ни се случат после толку години, после 75 години самостојна и независна Македонија, сигурна сум дека остатокот од времето доколку останат а не мислам дека ќе останат, ќе им помине во исполнувањето на ветеното, а што е тоа?

Секој ден гледаме, дел по дел од нашиот идентитет се обидуваат да ни го земат. Всушност и еден мој колега во момент на искреност во Солун напиша: „Ние грците успеавме во пониовата историја да сториме нешто што никој не успеал, да го редизајнираме идентитетот на соседот, но и на нивните предци и на нивните идни генерации. Да ја смениме нивната историја, нивната култура“.

Тоа е искреност од грчка страна. Но нашиот премиер и оние околу него велат дека сме го зaјaкнале идентитетот. Ако продолжат вака ќе ни се случи да шетаат по Македонија со контрoли и да гледаат дали сме ги симнале дали сме ги тргнале спомениците кои на секој чекор ги гледаме, артефактите од античкото минато.

Прашањето е зарем може да заборавите дека она по што газите, она во што уживате, она што го гледате дека е ваше, не, ние професорите по право велиме, според правото меѓународно, според нормите на УНЕСКО, се што е на ваша територија е ваше, се што е на наша територија е наше. Ние не само што сме должни да го чуваме тоа, туку и УНЕСКО ние вели дека треба да се грижиме за културното богатсво и наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This