СДСМ, ДУИ и ДПА ПОД РЕВИЗОРСКА ЛУПА: Земале и ставале во каса кој како стаса. Вистинитоста на партиските сметки под прашалник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот завод за ревизија ги анализираше финансиските извештаи на СДСМ, ДУИ и ДПА за 2016 година и кај сите најде одредени нерегуларности. Додека забелешките во однос на тогаш опозицискиот СДСМ се однесуваат главно на нерешениот сопственички статус за дел од партиските објекти и начинот на собирање членарина, кај ДУИ се нотирани неколку прекршувања на Законот за сметководство на непрофтитни организации. Најмногу неправилности, сепак, има во работењето на ДПА, при што ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на прикажувањето на финансиските извештаи.

Нерешен статус на објектите наследени од СКM

Ревизорите, во извештајот на СДСМ во изборната 2016 година искажуваат резерва во однос на вистинитоста и објективноста на прикажувањето на финансиите, како и за усогласеноста на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики. Резервата е главно поради тоа што не е решен сопственичкиот статус за дел од објектите што социјалдемократите ги наследиле од поранешниот Сојуз на комунистите на Македонија, како субјект претходник на партијата. Поради тоа тие објекти не се воведени кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата. Исто така, утврдено е дека во СДСМ средствата за членарина се уплатувани директно на трансакциска сметка на партијата , во вкупен износ за сите поединечни уплати. Овој начин, според ревизорите, не обезбедува целосен увид во поединечно уплатените средства согласно законски утврдениот лимит, според кој износот на чланарина за период од една година на секој член поединечно не смее да биде повисиок од една просечна нето плата.

Ревизорите забележуваат и дека СДСМ е тужен во 27 постапки пред надлежните судови, по основ на неплатени фактури во износ од околу 7,3 милиони денари. Исходот од постапките, како што е наведено, може да влијае на износот на расходите на партијата.

Социјалдемократите во 2016 година, според ревизорскиот извештај оствариле приходи од околу 1,2 милион евра во денарска противвредност, додека расходите на партијата во оваа изборна година биле пониски за околу 2,5 илјади евра. Затоа, пак, во 2015 година, СДСМ имал речиси двојно помали приходи (околу 689 илјади евра) и расходи во споредба со 2016 година.

Земале и ставале во каса кој како стаса

За разлика од СДСМ, ДУИ во изборната 2016 година остварила помали приходи и расходи отколку во 2015 година кога немаше избори. Наспроти околу 378 илјади евра приходи и близу 334 илјади евра расходи во 2016 година, претходната 2015 интегративците оствариле приходи во висина од приближно 564 илјади евра и расходи од 416 илјади евра.

Ревизорите и кај ДУИ настапуваат со резерва за вистинитоста и објективноста на прикажувањето на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и трансакциите со законската регулатива. На ДУИ и се забележува дека за дел од фактурите од добавувачите, во износ од 657.000 денари, не е приложена соодветна и целосно поткрепена документација. Ваквата состојба, како што се наведува, не е во согласност со Законот за сметководство за непрофитни организации и Правилникот за сметководство на непрофитни организации. Исто така, посочено е дека интегративците немаат спроведено целосен попис на средствата и изворите на средства за 2016 година, така што ревизијата и тука утврдила состојби кои не се во согласност со посочените закон и правилник.

Со извршената ревизија на искажаниот тековен промет од 638 илјади денари, утврдено е дека ДУИ во својата благајна држи пари во готово чиј износ е повисок од утврдениот благајнички максимум. За подигнатото од каса не се изготвувал благајнички извештај, со образложение дека во текот на 2016 година се извршени само три трансакции на паричните средства. Тоа, според ревизорите, не е во согласност со законите за платен промет и за сметководство, како и со Правилникот за сметководство на непрофитни организации.

Необјавени годишни извештаи

ДЗР ги објави вчера конечните извештаи за сметките за редовните сметки за 2016 година за сега владејачките СДСМ и ДУИ, како и за ДПА, која се евидентирани најмногу неправилности во финансиското работење. За партијата на Мендух Тачи е изразено неповолното мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеноста на активностите, финансиските трансакции и информации со законите е искажана резерва.

Ревизорите забележуваат дека годишната сметка и годишниот финансиски извештај за 2016 не се објавени на веб-страницат на партијата, како што било случај и во 2015 година. Тоа е спротивно на Законот за финансирање на политички партии, што повлекува можност за губење на правото на годишно финансирање од буџетот.

Со увид во сметководствената документација, е утврдено дека за 2016 година не се презентирани фактури за потрошена електрична енергија и за вода. Таа година, исто така, биле извршени исплати за опрема набавена во 2014 година во вредност од 180 илјади денари, а која претходно не била регистрирана во сметководствената евиденција. Исто така, кај ДПА е забележано дека не е обезбеден доказ за начинот на користење и изнајмување на деловниот простор, дел од прикажаните расходи не се поткрепени со сметководствена документација, а спроведениот попис на средства и извори на финансирање во 2016 година не е во целост законски поткрепен.

ДПА во 2016 година имала повеќе расходи отколку приходи. Така, партијата имала приходи од околу 123 илјади евра во денарска противвредност, а расходи од нешто повеќе од 177 илјади евра. Наспроти тоа, ДПА во 2015 година потрошила околу 64 илјади евра, а остварила приближно 102 илјади евра приход.

 

 

Извор: Независен

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This