April 26, 2024, 10:26 am

СДСМ Е БОЛЕСТ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО: По неуспешниот обид за приватизирање на лабараториите, сега ќе се приватизира Брзата Помош!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расипничкото и девијантно однесување на СДСМ во здравството, не запира. Неспособноста и лагите на Владата предводена од СДСМ се гледаат секој ден, и на секој чекор. СДСМ е болест за македонското здравство, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

-По неуспешниот обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата Република Македонија, денес Зоран Заев и министерот за здравство се со нова идеја, но овој пат за приватизација на службите за Брзата помош и Домашна посета. Повторно се покажува дека Владата на СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче имаат планови само за богатење на поединци и само зa уништување на се што е создадено во здравствениот систем. Овој пат тоа се крие под нова терминологија и обландата т.н. физибилити студија. Наместо да седнат да работат и да спроведат вистинска реорганизација и оптимизирање на здравствените служби, тие се фаќаат за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата, нагласи тој.

Николов вели дека Владата предводена од СДСМ и министерот Филипче, размислуваат и функционираат единствено по принципите на повеќекратниот криминалец кој е аболициран, Зоран Заев.

-Веќе подолго време на дневен ред на Зоран Заев и Филипче им е и уништување и демонтирање на јавното здравство, како и зајакнување на приватното здравство. Заради сето ова Филипче, најавува префрлување на Детската кардиохирургија во приватна клиника, префрлување на трансплантацијата на органи во приватни болници како т.н. тип на јавно-приватно партнерство. И не застана тука. Најавува дека и здравствените услуги на Итната медицинска помош и Домашна посета треба да преминат во приватното здравство. За Филипче префрлувањето и демонтирањето на јавното здравството, а зајакнувањето на приватното здравство се нарекува јавно приватно партнерство. Министре, Граѓаните очекуваат остварување на ветувањата со кои што СДСМ дојде на власт. Очекуваат навремена и соодветна медицинска услуга за парите што ги одвојуваат секој месец за оваа намена, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Николов посочува дека не очекуваат, да не можат да најдат термин за преглед кај својот лекар, не очекуваат одливање на здравствениот кадар во приватните клиники, не очекуваат да не можат да се паркираат кога доаѓаат во болница и за време на лекарските прегледи.

-Не очекуваат да се згрозуваат кога за време на лекарски преглед во Клиничкиот Центар владее не хигиената за која веќе една година најавувате решение. Наместо ветувањата, граѓаните добиваат поскапи лекови, доколку воопшто ги најдат, чекање по ходници, молење и барање на познати за да дојдат до здравствена услуга. Со еден збор, граѓаните добија хаос. Министерот за здравство на јавноста треба да и даде многу одговори, и тоа: Дали работи на демонтирање на јавното здравство? Како е можно со најавите за приватизација на Брза помош и домашна посета да не се зголемат трошоците кои треба да ги покрие ФЗОМ? Дали со овој чекор сака да најави дека освен префрлување на здравствени дејности во приватен сектор каде услугите ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, ќе има и приватизација на здравствените институции? Дали се води по максимата кој има пари тој ќе преживее? СДСМ е партијата која парите во здравството наместо за реновирање на болници, градење на нови, набавка на опрема, ги троши за богатење на нивни блиски луѓе и блиски компании. Министре, вие треба да знаете како функционира здравствениот систем и како треба да се подобри, а не дури сега после година и пол да започнувате да правите анализи, вели Николов.

Тој додава дека доколку навистина сакаат да заштедат во здравството, остварете го доколку смеете единственото ветувањето кое што го дадовте укинување на економските директори и Управните одбори на секоја најобична здравствена институција.

-И потсетете се барем малку што ветувавте во програмата. Не ветивте покачување од 5% на платите на лекарите и здравствените работници, туку ветувавте 100 илјади денари за лекарите специјалисти и 500 евра плата за здравствените работници. Излажавте! Заев и Филипче покажаа дека освен богатење на за нивни блиски компании на сметка на народот не знаат ништо друго. Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење, истакна членот на Извршниот комитет на партијата на денешната прес-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This