СДСМ Е ВО ПАНИКА ЗОШТО КАРПОШ ГРАБИ НАПРЕД: Во Карпош се работи, за разлика од кадарот на СДСМ кој не можевме да го извадиме од кафана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ или зборува за зеленило или зборува за долгови, притоа сеејќи лаги и невистини. А што друго тие знаат да прават?! За напредок , за развој и за работа зборуваме само ние. Карпош оди и ќе оди напред

stevco_mapa

 

Во моментов, во Злокуќани се асфалтираа улиците Скупи 3а и 5а . Се завршија работите околу фекалната канализација и водоводот на Скупи 22. Во УЗ „Владо Тасевски“ се заврши асфалтирањето на улиците Рампо Левката и Ристо Равановски. После 60 години се проби улицата Борка Талевски, а деновиве се реконструираат улиците: Наум Евро, Бахар Моис, Римска, Каирска, се реконструира и улицата Франц Прешерн во Влае, како и улиците Франц Месеснел, Франц Розман, Ринхини, Езерци и Гари. Деновиве ќе започне со асфалтирање и улицата Јуриј Гагарин наспорти Студентскиот дом „Гоце Делчев“.Во населбата Бардовци, во моментот се поплочуваат 29 улици.

СДСМ е во паника и мора да лаже, немајќи одговор за фактот дека граѓаните на Карпош добиваат тоа што никој во Европа не добива од својата локална самоупрвата. Граѓаните на Карпош веќе добија 50 нови термички фасади, а нови 20 се на повидок.

Добиваат реконструкција на старите и дотраени лифтови, добиваат нови покриви на колективните и индивидуалните станбени објекти. Учениците во Карпош до петто одделение добиваат бесплатни екскурзии и ужинки.

Граѓаните на Карпош уживаат во новите шеталишта и плоштади спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“, како и кај воените кули. Жителите на Жданец никогаш немале свој плоштад, ниту оние од Трнодол, ниту од Влае. Општина Карпош веќе нема инфраструктурен проблем и до 2020 година ќе биде најубавата и најпосакувана општина во Република Македонија.

Наградите што ги добиваме ги добиваме за работа. За жал, градоначалниците од СДСМ кој раководеа со Карпош, не ја добија ниту наградата што ја заслужуваат- „орден за шетање по белиот свет“! Полесно им беше да отидат до Лос Анџелес, Сан Франциско, Јоханесбург, Њу Делхи и Стокхолм, отколку до Злокуќани и до Бардовци.

Чудно е што овие луѓе и кога лажат гледаат во камера, наместо да ја наведнат главата и да се засрамат затоа што трошоците за репрезентација во Општината беа три пати поголеми од сегашните, зашто разни марјановци, божовци, душковци не можевме да ги извадиме од кафеана и катаден ни пристигнуваа фактури за нивните гозби. Денес Карпош има двојно повеќе службени автомобили од времето кога СДСМ раководеше со локалната самоуправа, а трошоците за бензин се три пати помали, зашто повеќе ја нема нивната „рибарска дружина“ која со службени возила крстареше од Мавровско езеро, преку Шпиље и Глобочица, до Охридско и Дојранско езеро. Мала им беше Македонија, па со службени возила одеа да рибарат и во Грција.

Веднаш по формирање на Влада, Општина Карпош ќе има приход од 6 милиони евра, што ќе биде нов замаец за работа. Општина Карпош ниту била, ниту ќе биде општина Куманово која е блокирана пет години и работи на дозволен судски минимум.

Ако се мажи и ако им е чист образот, доколку имаат доблест, нека одговорат колку шајки имаат заковано СДСМ во Карпош? Ги повикувам на кој сакаат медиум да излезат на тв дуел и да ги соочиме фактите за тоа кој што сторил и придонел за Карпош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This